Вести

Уживајте уште малку во сончевите денови, ќе ни се расипе времето, еве кога доаѓаат дождови

Advertisement

Веќе подолг период не служи убаво и топло време погодено за прошетки и за земјоделски работи Така ќе продолжи и во наредните неколку денови.

Утре се очекува повторно да биде сончево со мала до умерена облачност, ќе дува умерен, а во западните делови повремено засилен ветер од југозападен правец.

Advertisement

фото пекселс

Сонце ќе го грее и Скопје, повремено ќе има и облаци, што велат хидрометеоролозите ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб северозападен ветер.

Минималната температура утре ќе се движи во интервал од 5 до 13°C, а максималната од 21 до 27°C.

фото пекселс

Кон средината на следната недела по одделни котлини ќе има појава на утринска магла и локални врнежи од дожд.

Од вторник облачноста ќе се зголеми, а во среда кон крајот на денот и во четврток претпладне ќе има врнежи од дожд.

Се очекува дневната температура од четврток да се намали за околу пет степени, така што кусите ракави ќе мора да ги замените со есенско палто. Веќе на крајот од денот петок спрема сабота нема да можеме од дома да излеземе без чадор.

фото пекселс

Еве што прогнозира Хидрометеоролошкиот завод за последниот ден од октомври и првите денови од ноември.

Прогноза за 31.10.2023 носи минимална температура: 2°C до 10°C, а максимална температура ќе биде од 20°C до 26°C.

Умерено до значително облачно. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец, кој вдолж Повардарието наместа ќе засилува.

Прогноза за 01.11.2023 ветува минимална температура: 6°C до 13°C, а максимална температура: 19°C до 26°C

фото пекселс

Променливо облачно, кон крајот на денот и во текот на ноќта со локални врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец.

На 02.11.2023 ќе имаме минимална температура: 5°C до 13°C. Максимална температура ќе се движи од 15°C до 22°C

фото пекселс

Претпладне облачно со повремен дожд, попладне облачноста ќе се намали.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Реклама

Поврзано

Back to top button