Вести

„Убиено е златно дете!“ Ова е младиот Македонец претепан до смрт во Германија (ФОТО)

Advertisement

Полицијата во германскиот град Есен на својот веб сајт објави повик за пријавување на сведоци на убиството на 32-годишен македонски државјанин.

„За да се расчистат прецизните факти за случајот, шефот на одделот за убиства ургентно бара повеќе сведоци на кривичното дело. Поточно, бараме од минувачи кои биле на улицата Кетвигер од областа Бургплац до плоштадот Вили Брант помеѓу 1 и 2.15 часот и забележале луѓе како се расправаат да нè контактираат“, стои во објавата на полицијата во Есен.

Advertisement

Имено, според информациите, викендов во полицијата во Есен била пријавена расправија на улицата Кетвигер, а кога пристигнале полицајците, затекнале сведок како се обидува да му помогне на човек во бессознание.

Сведокот кажал дека имало расправа помеѓу повредениот човек и двајца други мажи, која што потоа преминала во физичка пресметка, по што ги опишал.

Осомничени се двајца Еритрејци на возраст од 25 и 29 години кои, како што јавуваат тамошните медиуми, го тепале со пивско шише додека тој не колабирал. Потоа побегнале од местото и се упатиле кон главната железничка станица.

Обдукцијата на телото покажала дека причината за смртта е повреда од тап предмет.

На социјалните мрежи почна да се споделува фотографија од жртвата.

„Убиено златно дете од Жировница ( Маврово-Ростуше ) мој соселанец“, напиша еден член во фејсбук-групата „Македонци во Германија“.

„Детево ни криво ни должно излегло на прослава и не се вратило дома, судбината така сакала, да биде на погрешно место во погрешно време“, пишува тој.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Реклама

Поврзано

Back to top button