Вирално

Убаво е да знаеш за Република Гвинеја

Advertisement

На 2 октомври беше најголемиот државен празник на Република Гвинеја.

На овој ден, Гвинеја ја прославува независноста од Франција. 2018 е важна година, бидејќи токму оваа година, Република Гвинеја прославува 60 години независност. Овој ден, традиционално се обележува со јавни собири, каде старешините и владините функционери се собираат и одржуваат говори.

Advertisement

Прославата е проследена со музика и танц, а локалното насаление ја носи традиционалната облека на Гвинеја.

Почесниот конзулат во Р. Македонија се приклучува на оваа јубилејна прослава и го чествува најголемиот државен празник на својата пријателска држава. Неговото постоење е доказ дека постои цврста соработка помеѓу двете земји.

Advertisement

Иако навидум сосема различни, со различни култури и традиции, Р. Македонија и Р. Гвинеја ги спојува топлината на народот, гостопримливоста и богатиот фолклор.
На Балкнаот, па и во Европа, многу малку се знае за Р. Гвинеја.

Сместена е на западниот брег на Афричкиот континент, позната уште како француска Гвинеја бидејќи била поранешна француска колонија, а сега уште попозната како Гвинеја – Конакри.

Главен град е преубавиот Конакри.

Република Гвинеја преставува платформа на мултиетничка толеранција, традиција, соживот. Таа е една од најбогатите афрички земји чијашто економија се базира на земјоделство и производство на минерали.

Гвинеја е втора во светот по производство на боксит, а воедно е најголем произведувач на злато и дијаманти. Изобилува со природни убавини и е седиште на повеќе култури, традиции, обичаи. Вложуваат во образованието, се обидуваат да го направат подобро, поквалитетно и достапно за секого. Стремежот е неколкукратно да се зголеми бројот на едуцирани деца.

Традиционалната музика која е карактеристична за оваа земја се базира на дувачки инструменти во комбинација со други музички форми од Европа или други делови од светот. Гвинеја е позната по формирањето на танцовата група “Les Ballet Africains”, која ја отсликува богатата култура и традиција на земјата.

https://www.youtube.com/watch?v=dX_rrDgm9Wg

 

Истата настапува локално и интернационално.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button