Убави семејни спомени: Внукот на Тоше Проески сподели фотографија со својот вујко која не сме ја виделе досега
Внукот на најголемата македонска ѕвезда сподели нова фотографија со својот вујко.
По повод 16 години од згаснувањето на животот на Тоше Проески, е огласи и неговиот внук од сестра, Кристијан Ристески.
Нашиот Тоше беше најдоброто нешто што ѝ се случило на Македонија. Тој е единствениот пејач во Македонија кој уживаше огромна популарност, налик светските ѕвезди.
ФОТО: Инстаграм / Кристијан Ристески
Тоше имаше фанови во сите држави од поранешна Југославија, а со неговите песни остана бесмртен во срцата на сите нив.
Беше идол на многу генерации, момчињата го имитираа и сакаа да бидат како него, а девојчињата беа вљубени во него.
Тоше Проески својот живот трагично го загуби на кобниот 16 октомри 2007 година во страшната coo-браќајна нecр-еќа кај Нова Градишка, Хрватска.
Возачот на неговиот „фолсваген туарег“, Гергиј Георгиевски удри во камион со италијански регистерски таблички, а потоа во заштитна ограда.
По повод 16-годишнината од cмpттa се огласи и неговиот внук Кристијан Ристески кој тргна по неговите стапки.
Тој сподели никогаш видена фотографија од нив двајца. Погледнете: