Убави вести, честитки пристигаат од сите страни – Џамбазов сподели ПРЕКРАСНИ вести, први му честитаа Весна Бејби и Калиопи
Прекрасно!
Игор Џамбазов и Илина Арсова денес прославија шест месеци од нивната врска. По тој повод една од нашите најголеми ѕвезди на социјалните мрежи сподели заедничка фотографија под која напиша емотивна порака со која ги воодушеви пријателите и бројните фанови.
Пред 6 месеци, се спои неспоивото, се вљуби невљубивото… напиша Џамбазов под заедничката фотографија.
Фотографијата брзо собра голем број лајкови и коментари, а меѓу првите што им честиташе беше колешката на Игор, Весна Бејби. Еве што им порача таа:
„Оо муциња па вие имате шестмесечна годишнина“„, им честиташе Весна, а веднаш по неа им честиташе и Калиопи.
Инаку Игор и Илина во моментов важат за еден од најпопуларните парови на социјалните мрежи во Македонија. Тие ги освоија симпатиите на јавноста со своите прекрасни фотографии, а многумина се среќни што Игор конечно ја најде својата сродна душа. Впрочем тоа можеме да го видиме и од коментарите што ги доби под фотографијата на која што прослави шест месеци од нивната годишнина.
„Да си се сакате. Љубовта да ве менува на подобро. Да ве множи и умножи“, „Среќата е поубава кога е неочекувана, „Да ви се множат уште безброј месеци, години и благословени моменти..“, „Среќни 6 месеци, да се претворат во 60 години!“ им порачаа пријателите на познатиот пар.
Игор и Илина се споија за време на карантинот, а откако објавија дека се заедно тие се речиси неразделни.
Илина покрај тоа што е врвна алпинистка која ги има освоено највисоките врвови на светот, таа е и сликарка, а неодамна ја промовираше и својата книга „Планинарење“.
Тие и двајцата не ги кријат своите среќни моменти, посебно кога се на некое преубаво место во Македонија, а убедени сме и дека нема да претераме ако кажеме дека нивната љубов е најубавото нешто што се роди во ова лудо време во кое живееме во последните неколку месеци.
Навистина сме пресреќни што Македонија има вакви луѓе…