Реклама
Вирално

Убави вести од Филипче: Корона нема повеќе во овие шест градови, епидемијата пополека се намалува

Реклама

Коронавирусот пополека се стишува.

 

Маркетинг

Веќе нема активни случаи на коронавирусот Дебар, Радовиш, Гевгелија, Струмица, Пробиштип и Демир Хисар каде имаше заболени од Ковид-19 веќе нема активни случаи.

„Полека ја добиваме битката со вирусот. Но да не заборавиме дека сите мерки мора да продолжат да се почитуваат. Да бидеме доследни и одговорни до крај“, вели министерто за здравство Венко Филипче.

Маркетинг

Пополека се стишува епидемијата во земјава, за тоа е и доказ големиот број на излечени пациенти изминатите денови.Пополека животот ќе ни се врати во нормала, но како што напомена министерот на своите прес-конференции ќе мора да се почитуваат одредени , протоколи во рестораните, кафулињата и работните места.

– Од почетокот на епидемијата, во Дебар беше регистриран 51 случај, досега четири лица поoчинаа, а 47 се оздравени. Во Радовиш и Гевгелија беа регистрирани по четири случаи, во Струмица два, во Пробиштип два, а во Демир Хисар еден позитивен случај на коронавирусот.

Во овие градови не се регистрирани смnртни случаи од Ковид-19, а сите евидентирани ковид-позитивни се оздравени, наведоа од Министерството за здравство.

Министерот за здравство Венко Филипче тврди дека земјава го избрала идеалниот модел за справување со пандемијата од Ковид-19.

Тој нагласи дека се намалуваат индикациите за тестирања, како преку пунктовите, така и во приватните лаборатории и тоа, како што истакна, води кон насока на стивнување на епидемиoјата со корoонавирусот, како што се очекуваше во овој период.

Филипче најави дека деновиве ќе започне лекувањето со крвна плазма од оздравени пациенти од короoна вирус, како и со озонотерапија. Истакна, дека крвната плазма ќе биде аплицирана на пациенти за кои експертите ќе оценат дека е соодветна за нив.

Директорот на Институтот за јавно здравје, Шабан Мемеди нагласи дека има време за укинување на вонредната состојба, посочувајќи дека може да бидеме порелаксирани само кога бројката на позитивни случаи на Ковид-19 ќе стигне под 10.

– Мерките уште ќе се олабавуваат, но треба да се почитуваат препораките, носење на маски и социјалната дистанца како најглавни мерки, потенцираше Мемеди.

Тој рече дека „одиме во насока на победа“ над коронавирусот, констатирајќи дека државата од почетокот на состојбата досега добро се справува. Мемеди рече дека ако се прави споредба со позитивни резултати на коронавирусот, бројката изминатите денови се намалува, а со тоа и смртноста.

Министерот за здравство информираше дека веќе се изготвени сите протоколи за функционирање на многу други сегменти, општествени и економски оператори, фабрики и јавен превоз итн.

– Во текот на следната недела тие ќе бидат официјализирани после финалните консултации со сите кои ги засегаат, со цел да се слушнат евентуални сугестии, после што ќе ги презентираме јавно исто како и временскиот период во кој ги очекуваме овие да ги наречам попуштања на рестрикциите. Сето тоа ќе биде постепено со цел да не се создадат гужви, ниту да се создадат услови за масовни собири, истакна Филипче.

Во однос на носењето на заштитна опрема, од Владата информираа дека ќе се казнува прекршочно.

Предвидени се казни во висина од 20 евра во денарска противвредност за физичките лица, а за компаниите каде не се почитуваат мерките за носење заштитна опрема за вработените и посетителите, предвидена е казна од 2.000 евра во денарска противвредност.

-Носењето на заштитна опрема е задолжително и на отворени простори, секогаш кога не може да се одржува минимална дистанца од два метри меѓу граѓаните. Заштитна опрема не е задолжителна за граѓаните кои престојуваат во двор на станбена семејна куќа, возат велосипед или спортуваат на отворено, (но со задолжително одржување на дистанца од два метри растојание), ако патуваат во моторно возило со лица кои заедно живеат, како и ако се наоѓаат на отворено каде може да одржуваат дистанца од два метри, соопштија од Влада.

Истакнаа дека на сила е и забраната за групирање на повеќе од две лица на јавни површини, при што во група од двајца не се вбројуваат децата под 14 години на тие лица, но овој исклучок важи само за термините кога е дозволено движење на млади лица, надвор од полицискиот час.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button