УБАВИ ВЕСТИ – На овие граѓани денес им беше исплатена за 10% повисока плата

Денеска на сите вработени во #МВР им беше исплатена за 10% зголемена плата.
Со посебно задоволство можам да кажам дека од 2016 досега реализиравме 5 покачувања на платата за сите вработени во МВР, и тоа во 2016, 2019, 2022 за 5%, во март 2023 линеарно зголемување во бруто износ од 3.086 ден, а согласно измените во Општиот колективен договор за јавниот сектор, со кои основната бруто плата на вработените во јавниот сектор се зголемува за 10%, сите вработени во МВР со исплатата на платата за месец септември, добија 10% зголемена плата.

Фото Фејсбук
Дополнително, во 2019, за првпат од 1991, за 4.821 униформирани вработени, со зголемување за 10 и 20 на бодовите на плата само за работната позиција „полицаец“, се овозможи издвојување на основната категорија Е и Ж работна позиција помлад полицаец, полицаец и виш полицаец од останатите вработени.
Покрај ова, во 2020 година постигнавме зголемување на основна компонента на плата во висина од 20% и 30 %, во зависност од сложеноста на работа, за вработените во Одделот за информатика и телекомуникации, а во 2022, заради усогласување со Законот за минимална плата, вработените во МВР кои не се овластени добија покачување со платата за месец март и тоа за сите работни места, а истовремено ги зголемивме платите на вработените во Одделот за компјутерски криминал и дигитална форензика и во ИПА Одделението, со што се спречи одлив на вработени од овие организациски единици.

На први октомври сите вработени во Министерството за внатрешни работи ќе имаат плата зголемена за 10 отсто и до крајот на годината регрес за годишен одмор од 10 000 денари за секој полициски службеник, истакна Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, на својот Фејсбук профил.
– Секогаш кога верувате во една иста цел мора да дојдете до решенија. Едно или друго мора да биде решението кое ќе биде во интерес на членовите на Македонскиот полициски синдикат, но и на сите вработени во Министерството за внатрешни работи, пишува Спасовски.

Тој нагласува дека низ дијалог дошле до решенија во интерес на членовите на МПС и на сите вработени на МВР.
Ова е четврто по ред зголемување на платите на вработените на МВР, имајќи го предвид минатогодишното зголемување од 5 проценти за сите вработени, а претходно преку Буџетот на МВР во 2018 и 2019 година издејствувано е зголемувања на платите за сите вработени.
Исто така, започнувајќи од 2020 година, реализиравме исплата на 6 бонус плати за вработените во МВР и тоа:
– за 2017 на 1.819 вработени во износ од 46.340.844 ден.;
– за 2018 на 1.916 вработени во износ од 51.680.268 ден.;

– за 2019 на 5.013 вработени во износ од 139.617.063 ден.;
– за 2020 на 4.508 вработени во износ од 136.150.616 ден.;
– за 2021 на 5.922 вработени во износ од 188.965.098 ден.;
– за 2022 на 5.791 вработен во износ од 204.995.609 ден.
5 покачувања на плата за сите вработени во МВР✅
4 дополнителни покачувања за одредени категории работни места ✅
6 исплатени бонус плати ✅
МВР и МПС со ДИЈАЛОГ до РЕШЕНИЈА! ✅




