УБАВИ ВЕСТИ ЗА МНОГУ РАБОТНИЦИ – За 2000 денари ќе се зголеми минималната плата, еве од кога!

Минималната плата во 2024 ќе се доближи до просечната плата во 2016 година, вели Министерот за економија Крешник Бектеши посочувајќи дека платите во текот на годината ќе се зголемат повеќе од инфлацијата имајќи предвид дека годината ќе заврши со инфлација од 7,1 отсто.
– Минималната плата годинава, поточно на почетокот на следната година, ќе се покачи на просекот што го имавме во 2016 година, а ова уште еднаш покажува дека ова Владата е посветена на пораст на платите и во јавниот и во приватниот сектор.

Фото Илустрација
Само за информација за граѓаните, во 2016 година просечната плата беше некаде околу 23 илјади денари, а денес е над 34 илјади денари, а како што претходно истакнавме, успеавме да се доближиме до просечната плата од 2016 година, изјави Бектеши во емисијата „10 минути“ на ТВ21.
Бектеши, исто така, посочи дека глобалниот раст на цените ја зголемува и потрошувачката кошничка.

Вредноста на Синдикалната кошничка за август 2023 година изнесува 49 345 денари, соопшти Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ).
Како што наведува ССМ, иако се намалува инфлацијата од месец за месец и за јули изнесува 8,3 отсто, сепак минималната кошница е зголемена од предходниот месец јули за 725 денари.
На почетокот на наредната година минималната плата ќе се зголеми за најмалку 10 отсто, рече министерот за економија Крешник Бектеши.
Инфлацијата во делот на прехраната би требало да биде околу 5 – 6 отсто, а генералната, посочи Бектеши, од 7 – 8 проценти.

Според него, почнувајќи од јули годинава, зголемувањето на платите го надминува зголемувањето на инфлацијата.
Сите решенија се донесени низ разговори и во консултација со коморите, над 90 отсто се предлози што произлегуваат од стопанските комори, порача министерот.
– Согласно сите податоци и методологијата утврдена од страна на Владата за зголемување на платите, почнувајќи од минималната плата, на почетокот на наредната година согласно сите податоци и тие што ги имаме како институции, минималната плата ќе се зголеми со минимум 10 отсто, пошто имаме 14 проценти зголемување на просечната плата.
Инфлацијата би требало да биде околу 5 – 6 отстово делот на прехраната, а генералната од 7 – 8 проценти. На таков начин, зголемувањето на платите го надминува зголемувањето на инфлацијата, почнувајќи од јули годинава.
Зголемувањето ќе биде уште поголемо до крајот на годината и со одлуките на Владата, но и со праксите и начините како работат посебно поголемите маркети, истакна Бектеши.

Фото Илустрација
Од јануари 2024 година се очекува минималната плата во земјава да се зголеми за најмалку 10% или околу 2 илјади денари.
Тоа ќе биде резултат на зголемувањето на просечната плата за 14,1 отсто и падот на инфлацијата, соопштија од Министерството за економија.
Министерот Крешник Бектеши очекува вкупната инфлација до крајот на декември да биде 7 или 8%.
Според податоците на Државниот завод за статистика, просечната нето-плата која работниците ја примиле во јули достигнала 36.286 денари, а бруто-платата 54.434 денари.

Фото Илустрација
Зголемување на платите има во градежниот сектор за 19,5%, во образованието за 17,2 и во јавната администрација за 16,8%. Но, во некои други сектори платите се намалиле.
Таков е случајот со рударството каде платите се намалиле за 7,9%




