Убава причина за славење во домот нa Aнета Молика – пејачката НАЈЕМОТИВНАТА честитка ја доби од својата ќерка
Голема причина за славење во домот на популарната македонска пејачка.
Анета Мицевска или во јавноста позната како Анета Молика славеше роденден.
Пејачката со вонвременски глас долги години е дел од македонскста музичка сцена, а зад себе има многу хитови, настапи и концерти.
Прекарот го добила од истоимената група Молика со која настапува повеќе од 20 години, а во кој член е и нејзиниот сопруг Џими Мицевски. Анета и Џими се повеќе од 18 години во брак, а 2 години претходно биле во врска.
Круна на нивната љубов е нивната ќерка Моника.
Моника јавно на Инстаграм ѝ го чесриташе роденденот на својата мајка и сподели нивна заедничка фотографија.
„Ти ја посакувам цела среќа на овој свет. Среќен роденден. Те сакам”, напиша Моника.
Моника е вистинска убавица, која својата убавина очигледно ја има наследено од својата мајка и неверојатно многу потсетува на Анета.
Таа има талент за музика, но не и желба да се занимава со таа професија. Стоматологија е нејзината животна определба.
Анета постојано објавува фотографии со својата наследничка на која е особено горда.
Мајка и ќерка, нераскинлива врска. Тие двете се многу блиски, а тоа пејачката го потенцира во сите свои интервјуа.
На социјалните мрежи често споделуваат форографии од нивните заеднички моменти.
Готвење, смеење, забава, се работите кои ги прават кога се заедно. Тие две освен што се мајка и ќерка тие се и најдобри пријателки.
Поради професијата, Анета многу пати била отсутна од дома и често отсуствувала и од важни моменти. Во тие денови многу е важно да се има помош при воспитување на детето.
Пејачката откри кој најмногу ѝ помагал во изведувањето на прав пат на Моника.
„Воопшто не ми е лесно. Но, за секоја една работа мора да постои жртва. Во нашиот случај тоа е нашата ќерка Моника. За среќа тука се моите родители, кои се грижат за неа исто како што би се грижела и јас. Многу ми недостасува бидејќи постојано сме на пат. Но, сите имаат разбирање за нашата работа“ изјави пејачката во едно интервју.
Пејачката секогаш ја градела својата кариера на база на квалитет, а никогаш врз основа на скандали и афери.
Со нејзиниот глас ја освои публиката ширум Балканот.
Со сите колеги е во добри односи, па многумина од нив ја удостоија и напишаа убави пораки за неа по повод роденденор.
Погледнете кој сѐ ѝ честиташе: