Се славеше во домот на македонскиот фолкер, па тој се пофали и јавно.
Коцев ја искористи приликата и јавно упати честитка до својата сопруга.
Марјан Коцев долги години опстојува на македонската естрада, а без неговите хитови не може да помине ниту една веселба во Македонија.
„Ти, само ти“, „Бекрија љубовџија“ се песните на кои мора да се стане и да се заигра каде и да сте.
Освен во Македонија, пејачот често оди да настапува и ксј наќинците во дијаспората.
Активен е и на социјалните мрежи, каде често знае да сподели и фотографии од приватниот живот.
За време на пандемијата која го погоди светот, тој и неговото семејство поминувале низ голгота.
Неговата сопруга јавно се огласи и кажа дека финансиски едвај врзуваат крај со крај, бидејќи поради рестрикциите пејачите немаа настапи.
Марјан кажа пак дека вирусот го погодил и неговото семејство и поминале низ тежок период.
„Во претходната година имав и добри и ло ши моменти. За жaл изгубив многу блиски пријатели, роднини, го изгу бивме и Зоран Џорлев.
Потоа и дома сите закачивме корона, не беше лесно воопшто, јас бев и мајка и татко и доктор, бевме затворени дома, брат ми доаѓае само и ми подаваша храна.
Ни требаа месеци да закрепнеме и јас и семејството минувавме во многу тежок период но сето тоа го надминавме“, раскажа Марјан Коцев.
Долги години е во брак со Билјана, а често знае да ѝ посвети и по некоја емотивна порака јавно на социјалните мрежи.
Овој пат таа славеше роденден, а пејачот сподели и фотографија од тортата.
Коцев ја искористи приликата и јавно упати честитка до својата сопруга.
Мама свеќичките ги дуваше заедно со Дуња и Данило.
„Невесто моја, среќен 41 роденден. Следниот го славиме заедно. Те сакам”, напиша Марјан во опис на фотографијата.
ФОТО: Фејсбук / Марјан Коцев
ФОТО: Фејсбук / Марјан Коцев
ФОТО: Фејсбук / Марјан Коцев
ФОТО: Фејсбук / Марјан Коцев
ФОТО: Фејсбук / Марјан Коцев
ФОТО: Фејсбук / Марјан Коцев
ФОТО: Фејсбук / Марјан Коцев
ФОТО: Фејсбук / Марјан Коцев
ФОТО: Фејсбук / Марјан Коцев
ФОТО: Фејсбук / Марјан Коцев
ФОТО: Фејсбук / Марјан Коцев
ФОТО: Фејсбук / Марјан Коцев
ФОТО: Фејсбук / Марјан Коцев