Наши ѕвезди

Убава Македонка му го ОСВОИ СРЦЕТО, хрватскиот ракометар стана македонски зет – Душица е ВИСТИНСКА УБАВИЦА

Advertisement

Тој Хрват, а таа Македонка. Нивната љубов цвета и наскоро ќе ја крунисаат со брак.

Advertisement

Игор Карачиќ е хрватски ракометар кој настапуваше за ракометниот клуб Вардар. Прогласен е за ракометар на годината во Хрватска, а признанието доаѓа по освоената титула со Вардар во Келн, како и по признанието за најкорисен играч на завршниот турнир во Лигата на шампионите.

Во едно свое интервју откри дека љубовта на својот живот ја запознал токму во Македонија.

ФОТО:Игор Карачиќ / Инстаграм

„Тоа е приказна за цел живот, осум години поминав таму, Скопје ме врза за цел живот. Македонците напишаа дека можеби ќе живеам таму, но не е така, јас сум повеќе за потегот од Мостар кон југ. Вистина е дека во Скопје ја најдов и љубовта, но тоа не значи дека ќе се вратам таму.

Advertisement

Со отидов од спортски причини,затоа што некои работи престанаа да функционираат. Добив одличен договор во Полска, добив врвен клуб и прилика да се остварам како играч. Келце е одлична екипа, и само треба да продолжиме така понатаму. Нема сличности со Вардар, тоа не е за споредба, различен е менталитетот“, вели Карачиќ за хртватските медиуми.

ФОТО: Марија Андоновска / Инстаграм

Негова најголема поддршка е убавата Македонка, манекенката Душица Андоновска која потекнува од Струмица. Македонската јавност ја знае по многуте видо спотови на кои таа се појавува.

Заедно се повеќе од една година, а дека нивната љубов цвета говори и тоа што Душица е речиси на секој негов натпревар, без оглед дали станува збор за натпревар за репрезентацијата или неговиот матичен клуб – Кјелце.

Ретко споделуваат фотографии на социјалните мрежи, но кога ќе го сторат тоа обичо е од некој романтичен чин што го приредуваат еден на друг.

Романтичниот Карачиќ по повод роденденот на Душица ѝ подари големо плишано мече, на кое беше залепена нивна заедничка фотографија, а во опис се потруди и напиша емотивна порака на македонски.

„На овој посебен ден се роди една посебна личност. Среќен роенден. Те сакам многу“, напиша ракометарот, а таа му возврати дека и таа го сака.

ФОТО:Игор Карачиќ / Инстаграм

Минатата година почна да се шпекулира дека Игор ја освоил убавата Македонка и тоа уште додека играл за РК Вардар каде помина неколку години.

Имено, тие прво биле само пријатели, а потоа нивната љубов преминала во нешто поголемо.

Откако Карачиќ ја промени адресата на живеење и потпиша со полскиот шампион Кјелце, Душица даде отказ од своето работно место од Скопје, ги спакува куферите и се пресели да живее кај него.

ФОТО:Игор Карачиќ / Инстаграм

Парот Божиќните празници ги помина во Мостар, а Душица со својот избраник била и во Загреб за време на подготовките за Европското првенство.

Подоцна беше објавено дека Игор клекнал пред убавицата, а среќните вести ги откри самиот тој на социјалните мрежи, објавувајќи фотографија од нејзината рака на која сјае прекрасен веренички прстен.

ФОТО:Игор Карачиќ / Инстаграм

Игор својата девојка ја изненадил со листови роза на подот во облик на срце, а во средина напишал „Сакаш ли да се омажиш за мене?“

ФОТО: Марија Андоновска / Инстаграм
ФОТО: Марија Андоновска / Инстаграм

Во интервју за Репортер убавата Душица изјави дека воопшто не очекувала прстен во време на пандемија, но потоа дознала дека прстенот бил нарачан 3 месеци пред почетокот на пандемијата, што значи дека ништо не го спречило Карачиќ да ја запроси. Ракометарот ја привлекол со својот карактер, нормално и убавина.
Што се однесува до свадбената церемонија тие планираат истата да се одржи во Мостар.

ФОТО: Марија Андоновска / Инстаграм

„Свадбата се подготвува и се надеваме дека нема да ни се променат плановите поради пандемијата. Ќе биде во јуни во Мостар и ќе правиме една свадба за да може нашите блиски да бидат во исто време присутни. Организацијата е голема, па некако избравме да организираме сè на едно место. Игор е од Мостар, ќе има повеќе гости, па затоа таму беше и природен избор“, открива Душица за „Репортер“.

ФОТО: Марија Андоновска / Инстаграм

Игор е миленик на женската публика, но Душица одлично се носи со неговата популарност. Навикната е на тоа да му приоѓаат луѓе, да бараат автограм од него и да се фотографираат. Градат квалитетен однос и токму тоа ја прави нивната врска сериозна.

Таа е негова најголема поддршка и кога губи и кога добива.

ФОТО:Игор Карачиќ / Инстаграм

А за тоа како таа и Игор меѓу себе зборуваат, низ насмевка вели: „На почетокот јас македонски, тој македонски и хрватски, но сакајќи да го усовршам хрватскиот, еден добар период зборувавме само хрватски. Сега кога како, и македонски и хрватски“.

Душица има и сестра близначка, Марија.

ФОТО: Душица Андоновска / Фејсбук

Марија е исто така во рска со ракометар на РК Вардар, Кристијан Десингер.

Двајцата се доста поактивни на социјалните мрежи и често споделуваат нивни заеднички роматични фотографии.

ФОТО: Марија Андоновска / Инстаграм

Марија ја откри нивната љубовна врска објавувајќи фотографија за роденденот на ракометарот.
„Среќен роденден за мојот број 1. Ти благодарам што си моја личност“, напиша Марија.

ФОТО: Марија Андоновска / Инстаграм

Душица вели дека да се има сестра близначка е исто како нормална сестра, само што е физичка копија на тебе.

ФОТО: Душица Андоновска / Фејсбук

Она што е интересно вели дека кога ја боли стомак нејзе те боли и тебе.

„Па, еве, ми се случува да ѝ се јавам од Полска и да ѝ кажам – знам дека те боли стомакот, напиј се апче, ме боли и мене од тебе. Ние сме три сестри и сме многу блиски и далечината ни паѓа тешко и нам и на родителите, што е нормално, но во денешно време со целата технологија што постои сепак е полесно“, изјави Душица.

ФОТО: Марија Андоновска / Фејсбук
ФОТО: Душица Андоновска / Фејсбук
ФОТО: Душица Андоновска / Фејсбук
ФОТО: Душица Андоновска / Фејсбук
ФОТО: Душица Андоновска / Фејсбук
ФОТО: Душица Андоновска / Фејсбук
ФОТО:Игор Карачиќ / Инстаграм
ФОТО:Игор Карачиќ / Инстаграм
ФОТО: Душица Андоновска / Фејсбук
ФОТО: Душица Андоновска / Фејсбук

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button