Убава како БАРБИКА: Ова е ќерката на Маријана и Тоде – погледнете на кој личи
Ќерката на популарната македонска пејачка порасна во вистинска убавица.
Маријана напиша емотивна порака по повод роденденот на својата наследничка.
Пејачката Маријана Новаческа својата музичка кариера ја започна многу одамна заедно со нејзината сестра близначка Росана.
Близначките својот прв настап во дует го имаат на 17-годишна возраст. Кариерата ја започаа со поп мелодии. Во текот на својата кариера постигнаа неверојатен успех. Настапи концерти имаа ширум Македонија и сите сакаа да ги слушаат сестрите како пеат во живот.
Веднаш стекнаа свои фанови. Публиката ги сакаше, а нивните хитови „Признавам“, „Едно срце имам душо“, „Стој“, „Ако не исчезнам“ се уште се вртат на нашите радио станици.
Маријана, која дотогаш беше во брак со композиторот Тоде Новачевски, се раздели од него и заедно со нивните две деца замина во Австралија, каде целосно ја промени професијата.
Љубовта кон музиката кај неа никогаш не згасна и до ден денес знае да запее за своја душа, но и за фановите кои ја следат на социјалните мрежи.
Доста е активна на Фејсбук каде знае да објави и фотографии од своето секојдневие.
По повод денот на мајките целото семејство се собра кај Маријана и убавата дружба ја овековечија со фотографии.
Маријана сподели фотографија од својата преубава ќерка Магдалена и ја искористи приликата јавно да ѝ го честита роденденот.
„Среќен роденден мое изгрејсонце, мое се!
Ти посакувам само убавини, бакнежи и прегратки од Македонија“, напиша Маријана.
ФОТО: Фејсбук / Маријана Новаческа
ФОТО: Фејсбук / Маријана Новаческа
ФОТО: Фејсбук / Магдалена Новаческа
ФОТО: Фејсбук / Магдалена Новаческа
ФОТО: Фејсбук / Маријана Новаческа
ФОТО: Фејсбук / Маријана Новаческа
ФОТО: Фејсбук / Маријана Новаческа
ФОТО: Фејсбук / Маријана Новаческа
ФОТО: Фејсбук / Маријана Новаческа
ФОТО: Фејсбук / Маријана Новаческа
ФОТО: Фејсбук / Маријана Новаческа
ФОТО: Фејсбук / Маријана Новаческа
ФОТО: Фејсбук / Маријана Новаческа
ФОТО: Фејсбук / Маријана Новаческа