Убава и паметна: НАСЛЕДНИЧКАТА на Индира Кастратовиќ со нов успех – ГОРДОСТ на мама и тато
Некогашната ракометна репрезентативка се огласи на Инстаграм и се пофали со успехот на нејзината ќерка.
Ќерката на Индира Кастратовиќ порасна во вистинска убавица, а нејзините родители се прегорди на нејзините успеси.
Индира Кастратовиќ е една од најдобрите македонски ракометарки, воедно и еден од најдобрите десни бекови во историјата на ракометната игра.
Таа е најдоброто што ѝ се има случено на македонската женска ракометна репрезентација.
Паралелно нижејќи успеси со Кометал, Кастратовиќ започнува да настапува и за македонската женска ракометна репрезентација со која најголемиот успех го постигнува на СП во Германија 1997 година, каде Македонија го освојува одличното 7 место, а таа е прогласена за најдобар стрелец на првенството со постигнат 71 гол.
Индира Кастратовиќ ја заврши професионалната кариера во 2006 година, а денес е тренер на женската ракометна екипа Вардар СЦБТ од Скопје.
Приватно, Индира е посветена мајка и сопруга.
Долги години е во брак со ракометниот стратег Зоран Кастратовиќ, а плод на нивната љубов е ќерката Сара.
Сара неколку години живее и студира во САД, а нејзината мајка сега се пофали со успехот кој таа го постигнала.
Имено, Сара веќе диполомираше, па по тој повод Индира ѝ напиша емотивна порака.
„Ги прерасна нашите скутови, но никогаш нема нашите срца. Никогаш не се откажувај од своите соништа“, напиша Индира.
ФОТО: Инстаграм / Индира Кастратовиќ
ФОТО: Инстаграм / Индира Кастратовиќ
ФОТО: Инстаграм / Индира Кастратовиќ
ФОТО: Инстаграм / Индира Кастратовиќ
ФОТО: Инстаграм / Индира Кастратовиќ
ФОТО: Фејсбук / Сара Кастратовиќ
ФОТО: Инстаграм / Индира Кастратовиќ
ФОТО: Инстаграм / Индира Кастратовиќ
ФОТО: Инстаграм / Индира Кастратовиќ
ФОТО: Инстаграм / Индира Кастратовиќ
ФОТО: Инстаграм / Сара Кастратовиќ
ФОТО: Инстаграм / Сара Кастратовиќ
ФОТО: Инстаграм / Индира Кастратовиќ
ФОТО: Инстаграм / Индира Кастратовиќ
ФОТО: Инстаграм / Индира Кастратовиќ