Убава и модерна – погледнете како војвотката од Кембриџ ја носи најпопуларната боја за оваа година (фото)
Кејт Мидлтон се прошета во капут во боја на годината
Таа при посетата на една детска градинка во Лондон, ги потсети жените колку класичниот стил на облекување може да биде впечатлив и модерен.
Таа капутот го носеше со блуза со висока јака какви носеше и принцезата Дајана, мајката на нејзиниот сопруг Вилијам.
Убавата војвотка е препознатлива по својот класичен стил на облекување, но во последно време имаме прилика да ја видиме и во модерни изданија.
Покрај бојата на капутот која е прогласена за боја на годината и „винтиџ“ блузите кои потсетуваат на трендовите од 80-тите повторно се во мода.
Таа целото издание го заокружи со црни панталони кои не излегуваат од мода веќе неколку сезони, како и црни чевли со ниски потпетици, а посебен впечаток на целосниот изглед остави нејзината совршена фризура.
Па, што велите за ова шик издание на Мидлтон?