УБАВА ВЕСТ – Овие граѓани ќе добијат плус 39 000 денари на своите сметки!

Правото на исплата на регрес за годишен одмор, односно К-15 е воспоставено со Општиот колективен договор за приватниот сектор од областа на стопанството и се однесува на сите вработени лица во приватниот сектор во Република Македонија.
Од 1ви јули до 31ви декември трае законската обврска на работодавците од приватниот сектор за исплата на регрес за годишен одмор.

фото илустрација
К-15 се пресметува врз основа на просечната нето или бруто плата во изминатите три месеци (40% од износот).
Оттука сумата која треба да легне на трансакциските сметки не смее да биде помала од 10.956.
За да добие регрес за годишен одмор работникот мора да бил ангажиран кај истиот работодавач најмалку шест месеци во текот на календарската година.

фото илустрација
К-15 беше вратен пред осум години
Законската обврска за исплата на регрес за одмор беше укината во 2005-та и по девет години, со последните измени на Општиот колективен договор за приватниот сектор, повторно се воведе во 2014-та.

фото илустрација
„Работникот има право на надомест на трошоците поврзани со работа, утврдени со закон и колективен договор и тоа: регрес за годишен одмор во висина од најмалку 40% од основицата, под услов работникот да работел најмалку 6 месеци во календарската година кај ист работодавач…
Со колективен договор на ниво на дејност или колективен договор на ниво на работодавач може да се утврди регрес за годишен одмор во поголем износ од износот утврден со овој колективен договор“, стои во Општиот колективен договор.

фото илустрација
Кај работодавачите кај кои настанале потешкотии во работењето, ценејќи ја економско – финансиската состојба на работодавачот, по задолжителна предходна консултација со синдикатот на ниво на гранка односно оддел, со спогодба потпишана од работодавачот и репрезентативната синдикална организација може да се утврди регрес за годишен одмор во помал износ од износот утврден со овој колективен договор.
За неодговорните работодавачи кои не исплаќаат регрес за годишен одмор или бараат од работниците да ги вратат исплатените средства по овој основ , Кривичниот закон предвидува затворската казна до 1 година.

фото илустрација
Оваа законска обврска дополнително ќе придонесе за заштита и остварување на ова уставно и законско право на работниците (Закон за изменување и дополнување на Кривичниот законик, Сл. весник бр.226 од 2015г.).
КАМ маркет“ значително го зголемува регресот за годишен одмор, кој годинава ќе изнесува 37.600 денари, информираат од таму.

фото илустрација
Со новото зголемување, регресот е за 14% повисок од исплатениот регрес за минатата година, а 175% повисок од законски утврдениот минимален регрес.
Исто така и Стокомак на своите работници за 2023 година ќе им исплаќа регрес од 39 000 денари.





