Реклама
Uncategorized

УБАВА ВЕСТ – Минималната плата ќе се зголеми на 23.000 денари – Еве кога!

Реклама

Минималната плата во март годинава се зголеми за 12 процентни поени, што значи номинално ќе има повеќе средства за трошење, рече вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи во гостувањето во Сител телевизија. Тој додаде дека не се согласува со пресметките дека растот на минималната плата ќе биде изгубен поради инфлацијата.

ФОТО: фб

Маркетинг

„Од аголот на вицепремиер, но и како граѓанин кој пред да влезе во политиката бев од другата страна, кога се борев со структура која ги плаќаше граѓаните како да се евтина работна сила можам да кажам дека работник што се продава за 10 илјади денари сметам дека е навистина жално за една држава“, кажа Битиќи.

Според вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи, за првпат на Економско-социјалниот совет не се преговарало, туку само се утврдила висината на минималната плата поради тоа што лани е донесено системско решение.

Маркетинг

ФОТО: фб

– Минатата година социјалните партнери, владата, синдикатот, работодавците, се договоривме за критериумите. Минатата година воспоставивме систем, воспоставивме критериуми и еве го исходот. Од мартовската плата нема да има работник со плата под 20.175 денари, посочи вчера Битиќи за централниот дневник на „Сител“.

Битиќи верува дека работодавачите ќе ја почитуваат одлуката за висината на минималната плата. Добро е, според него, тоа што е дојден моментот да се разговара за продуктивноста на работникот.

ФОТО: фб

– Организацијата на работодавци, којашто е претставник на работодавците во Економско социјалниот совет, рекоа дека се задоволни од тоа што се случува. На крај на денот дури они се подготвени со зголемување на продуктивноста на работникот да исплаќаат уште повисоки плати.

Мислам дека доаѓа во вистински момент затоа што целата дискусија што се одвива во приватниот сектор, особено заради недостигот на работна сила и зголемувањето на минималната плата, но и на просечните плати, полека доаѓаме до дискусијата дека секогаш е битно продуктивноста и ефикасност на работното место, а не дали има средства за да се платат плати, рече Битиќи.

Тој изјави дека до изборите во јули 2024 година веројатно со новата утврдена методологија ќе има минимална плата од 23 илјади денари. Вели дека ја исправаат неправдата, односно овозможуваат работниците да добијат достоинствена плата.

Минималната плата во 2024 ќе се доближи до просечната плата во 2016 година, вели министерот за економија Крешник Бектеши, посочувајќи дека платите во текот на годината ќе се зголемат повеќе од инфлацијата имајќи предвид дека годината ќе заврши со инфлација од 7,1 отсто.

– Минималната плата годинава, поточно на почетокот на следната година, ќе се покачи на просекот што го имавме во 2016 година, а ова уште еднаш покажува дека ова Владата е посветена на пораст на платите и во јавниот и во приватниот сектор.

Само за информација за граѓаните, во 2016 година просечната плата беше некаде околу 23 илјади денари, а денес е над 34 илјади денари, а како што претходно истакнавме, успеавме да се доближиме до просечната плата од 2016 година – изјави Бектеши во емисијата „10 минути“ на ТВ21.

Бектеши, исто така, посочи дека глобалниот раст на цените ја зголемува и потрошувачката кошничка.

– Што се однесува до куповната моќ, за разлика од претходната година, освен во вториот дел од годината, успеавме да постигнеме успех во однос на покривање на трошоците од две минимални плати во домаќинство, кои беа некаде околу 18 илјади денари, и трошоците, т.е. потрошувачката кошничка не беше повеќе од 35 илјади денари, за жал, имаше речиси глобален пораст и во втората половина од годината потрошувачката кошничка се зголеми на приближно 50 илјади денари – рече Бектеши.

За многумина кои во моментов работат за минимална плата од 20.000 денари, новината за зголемувањето е повеќе од добредојдена.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button