Убавата Турчинка од серијата „Ќерката на Амбасадорот“ ги излажа ГЛЕДАЧИТЕ? Еве зошто мораше да ја напушти серијата
Убавата актерка што го толкуваше ликот на Наре недамна откри дека ја напушта серијата заради здравствени проблеми.
Но, дали навистина е така?
Имено, неодамна во турската јавност како бомба одекна веста дека 28 годишната актерка Неслихан Атагул ќе ја напушти серијата „Ќерката на амбасадорот“.
Шармантната актерка во оваа серија која што е популарна и кај нас, го глумеше главниот лик Наре. Нејзината ненадејна одлука ги шокираше сите, посебно кога актерката како причина за напуштањето на серијата ги наведе здравствените проблеми со кои се соочува во животот.
Но деновиве турските медиуми пишуваат дека Неслихан наводно лажела, како и тоа дека популарната серија повеќе нема да се снима.
Актерката неодамна се појави на насловната на шпанскиот неделник „Хола“ во кој даваше интервју во склоп на промоција на серијата непосредно пред да почне да се емитува во оваа земја. Таа со тоа воедно стана и првата Турчинка која се најде на насловната страна на овој познат магазин.
И како што пишуваат турските медиуми, Наслихан на снимањето за магазинот била насмеана и видно расположена. Тоа беше повеќе од доволно медиумите да се распишуваат дека целата приказна околу здравствените проблеми, откако се онесвестила на сетот, актерката всушност ги измислила.
Медиумите сега пишуваат дека Неслихан би требало да престане да ги лаже гледачите и да признае дека серијата ја напуштила заради проблеми со својот сопруг, турскиот актер Кадир Годул, и тоа наводно за да се обиде да го спаси бракот кој веќе подолго време е на лабави нозе.
Покрај тоа, турските папарацо фотографи неодамна ја фатија актерката како купува играчки с својата внука.
Таа тогаш на прашањето каква е нејзината здравствена состојба, им одговори со следниве зборови.
„Сега ми е многу подобро, но се уште морам да се одмарам и не смеам да работам нешто што ќе ме изморува“.
Но и покрај тоа што пред новинарите тогаш кажа дека мора да се одмора, Наслихан очигледно нашла време и енергија да ја сними насловната за попуарниот шпански магазин, а со тоа само ги поттикна шпекулациите дека ги лаже своите фанови. По нејзиното заминување серијата од ден на ден бележи се’ полоша гледаност, па медиумите пренесуваат дека пости голема веројатност наскоро да згасне.
Наводно на гледачите не им се допаѓа новиот лик што го толкува познатата актерка Туба Бујукустен и од продукцијата бараат да се врати Неслихан.
Изгледа како манекенка
Инаку, убавата Неслихан е родена во Истанбул како ќерка на шофер и мајка домаќинка. Завршува студии по актерство во Турција, а во својата кратка кариера има освоено бројни награди и во моментов важи за една од најдобрите турски актерки од помладата генерација.
Во секоја улога таа воодушевува со секоја своја појава, па за неа велат дека ако не би била актерка, тогаш сигурно би успеала како манекенка. За разлика од љубовната драма која ја доживуваше во улогата на Нихан, на убавата актерка во реалниот живот и цветаат ружи на љубовен план.
Впрочем тоа можеме да го видиме и од фотографиите што Неслихан ги објавува на Инстаграм.
Фото: Инстаграм/ Неслихан Атагул
Фото: Инстаграм/ Неслихан Атагул
Фото: Инстаграм/ Неслихан Атагул
Фото: Инстаграм/ Неслихан Атагул
Фото: Инстаграм/ Неслихан Атагул