Убавата Турчинка за која се шушкаше дека го завела и Езел и Сулејман Величествениот се coблече и ги зaпaли социјалните мрежи!
И во петтата деценија од животот изгледа одлично…
Една од најубавите и најпознатите турски актерки, Џансу Дере, која се прослави со улогата на робинката Фирузе во харемот на султанот Сулејман Величествениот, денес е една од најпознатите Турчинки на социјалните мрежи.
Некогашната робинка Фирузе денес има преку 2.5 милиони следбеници на оваа социјална мрежа со кои постојано споделува што и се случува во животот.
Познатата турска убавица која некогаш била втора придружничка на Мис на Турција со својата харизма и природна убавина никого не остава рамнодушен, а нејзиното лице сите го фалат и кога е без шминка.
Џанџу овој пат објави фотографија на која позира во дводелен костим за капење и предизвика лавина од реакции, исто како што тоа го направи и неодамна кога наместо дводелен модел, носеше монокини.
И додека едни се воодушевени од нејзиниот изглед, меѓу фановите има и такви кои ја критикуваат дека изгледа преслабо.
Но Џансу очигледно не е премногу загрижена за таквите коментари па гордо го покажува своето феноменално тело.
„Јас ништо не правам на сила“, изјави во едно интервју актеркаѕа која токму како Сила од истоимената серија го воодушеви нашиот регион.
Таа себеси се смета за уметник и своите улоги ги избира по тоа какви емоции предизвикуваат тие во неа.
Па така заради „Сулејман Величествениот“ читала историски книги од 16 век, за да може подобро да се внесе во својот лик. Научила и да свири харфа, да танцува, да рецитира тешка османлиска поезија, а улогата ја прифатила иако знаела дека ќе има поделени мислење.
„Ми беше непријатно да парадирам на снимањето во оскудни костум, бидејќи сум срамежлива девојка по природа. Но љубовната приказна на Фирузе сепак ме натера да го прифатам предизвикот“, изјави тогаш Џансу.
Инаку, Џансу денес важи за една од најплатените актерки во Турција, а неколку години има студирано и археологија.
Најмногу се прославува со улогата на Сила во истоимената серија, и речиси нема партнер од сериите со кои медиумите не ја поврзуваа. Па така своевремено се шушкаше дека Халит Ергенч се разведува заради неа затоа што тајно се гледaле додека играа во „Сулејман Величествениот“, а ја поврзуваа и со кенан Имирзалоглу додека го снимаа „Езел“.
Погледнете како таа изгледа во приватниот живот…
Фото: Инстаграм/ Џансу Дере
Фото: Инстаграм/ Џансу Дере
Фото: Инстаграм/ Џансу Дере
Фото: Инстаграм/ Џансу Дере
Фото: Инстаграм/ Џансу Дере
Фото: Инстаграм/ Џансу Дере
Фото: Инстаграм/ Џансу Дере
Фото: Инстаграм/ Џансу Дере
Фото: Инстаграм/ Џансу Дере
Фото: Инстаграм/ Џансу Дере
Фото: Инстаграм/ Џансу Дере
Фото: Инстаграм/ Џансу Дере
Фото: Инстаграм/ Џансу Дере