Убавата Меланија им го украде шоуто на Доналд Трамп и Џо Бајден – ГРАЦИОЗНА прва дама и кралица на модните икони
Во тек се претседателските избори во Америка, а сите модни магазини зборуваат за првата дама Меланија Трамп.
Меланија гласаше во Флорида, во гратчето Палм Бич облечена во плисиран фустан со средна должина и со препознатлив дезен од златни синџири. Во прашање е креација со потписот на модниот бренд Гучи која убавата Словенка го платила неверојатни 4500 долари.
Но Меланија која важи за една од најпознатите модни икони и овој пат не ги разочара своите фанови со изборот на модните парчиња, а целото издание го зачини со беж високи потпетици и голема чанта во иста нијанса.
Во прашање се чевли со потписот на омилениот женски дизајнер Кристијан Лобутин кои не се за сечиј џеб, а она што исто така веднаш го забележаа сите беше и тоа што првата дама не носеше маска на лицето и покрај тоа што таа и нејзиниот сопруг до неодамна беа позитивни на вирусот корона.
Поранешната манекенка ги воодушеви сите и со својот моден избор што го носеше и вечерта кога Трамп се обрати до нацијата по повод резултатите од изборите.
Првата дама, елегантна како и секогаш, овој пат носеше црни панталони, бела кошула и црно сако, и изгледаше совршено. Таа целото издание повторно го заокружи со стејтмент високи потпетици, а на нејзиното убаво лице немаше премногу шминка и беше со пуштена коса.
Погледнете уште неколку нејзини шик комбинации: