Реклама
Холивуд

Убавата кралица повторно без конкуренција – се појави во феноменален фустан кој е идеален за сите пригоди

Реклама

Шпанската кралица не знае за модни грешки

Кралицата Летиција најчесто избира деловни, но истовремено женствени фустани, здолништа, блузи и панталони кои секогаш можат да се носат во најразлични пригоди, во потполно различни изданија. Еден таков фустан кралицата носеше и на семинарот на родителското образование на Меѓународниот центар за истражување на шпанскиот јазик во гратчето Сан Милан де ла Когола.

Маркетинг

Поранешната новинарка која по бурниот развод со првиот сопруг одлучи да заплови во брак со кралот Филип VI, со кого се омажи во 2004 година, во Мадрид, за овој официјален настан избра ефектен црвен фустан со среден крој и широки ¾ ракави
Во прашање е модел од дизајнерот Адолф Домингуезе зачинет со цветен дезен, а кој кралицата го носеше со „nude“ салонки со потписот на омилениот шпански бренд „Магрит“ и чанта во иста нијанса, како и накит од „Yanes“.

Маркетинг

Ефектниот фустан е одличен избор за топлите летни денови бидејќи без проблем можете да го „фурате“ на милион различни начини. Сé зависи од тоа со какви чевли и модни додатоци планирате да го заокружите вашето модно издание, а што се однесува до ова на шпанската кралица, можеме слободно да кажеме дека заслужува чиста десетка.

Фустанот одлично би изгледал и ако кралицата го носеше со патики или рамни сандали, но поради својата титула и природата на работата поранешната новинарка речиси секогаш избира елегантни високи потпетици.

Инаку, Летиција е позната и по тоа што ги поддржува шпанските модни дизајнери и нема проблем да носи парчиња со потписот на шпанските „хај-стрит“ брендови како што се Манго и Зара, а воедно важи и за една од членовите на кралското семејство која облеката ја избира многу мудро и смислено, како би можела да ја носи многу години, но и во различни пригоди.

Па, дали ви се допаѓа ова издание на Летиција?

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button