Холивуд

Убавата Германка конечно откри кој ја дизајнираше нејзината бајковита венчаница

Advertisement

Еве што носеше Хајди Клум на својата венчавка

Advertisement

Германската манекенка по романтичната италијанска венчавка конечно откри кој е дизајнерот на нејзината бајковита венчаница во која по трет пат го кажа своето судбоносно „Да“. Хајди Клум се омажи за музичарот Том Каулиц на почетокот на август на луксузната јахта Кристина Оназис која е закотвена на италијанскиот остров Капри.

Во нејзиното видео што го сподели на Инстаграм, Хајди покажа нови детали од пробата на венчаницата и откри дека уникатната креација е дело на креативниот директор на модната куќа Валентино, Пјерпаоло Пичиоли.

Advertisement

Убавата Германка во видеото занесно се врти во венчаницата по собата на паришкиот „Place Vendômeu“. „Јас сум во Париз на втората проба на мојата венчаница. Валентино ја дизајнираше специјално за мене“, се пофали 46 годишната манекенка во видеото.

Таа откри и дека посакувала вистински фустан за принцези за својата венчавка и дека конечниот дизајн е токму тоа.

https://www.instagram.com/p/B1Ovx0_hmLa/?utm_source=ig_embed

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button