Убавата водителка од утринска на „Сител“ позираше со нејзината сестра и покажа од кого ја наследиле убавината- не се знае која е поубава
Каде и да се појави таа плени со својот изглед, а сега покажа од кого ја наследила убавината.
Таа е една од најубавите водителки на нашата сцена која често ја гледаме на утринската програма на „Сител“, а нејзиниот лик и глас се вистинско уживање за гледачите.
Одмерена, елегантна и насмеана, Јелена Стојменовиќ секој ден, иако денот ѝ започнува релативно рано. Сепак секогаш е средена од глава до пети и остава впечаток дека ужива во својата работа и ја работи со леснотија.
На нејзината убавина никој не може да остане рамнодушен.
Сепак таа ретко зборува за својата приватност, но во една прилика ја покажа својата мајка, а сега и нејзината сестра, па не се знае која од која е поубава.
Двете девојки ја наследиле убавина од нивната мајка која иако е жена во години зрачи со убавина.
Јована заедно со својата сестра одлучија да заминат надвор од границите на Македонија и да ги наполнат батериите во Нови Сад.
Двете уживаа во убавото време и друштвото.
Инаку осврнувајќи се на работата Јована во едно интервју за „Гламур“ изјави дека најважно е да се биде професионалец.
„Секоја работа има своја тежина, најважно е да сте професионалец, но и позитивно да гледате на нештата, па да ги пронајдете предностите на секоја ситуација и работен ангажман … Точно е дека се будите ненаспани, но стасувате на работа за тројно пократко време поради празните скопски улици рано наутро. Уживате во изгрејсонцата, а и завршувате со работа во термин кога останатите прават пауза за оброк … За дотерувањето и концентрацијата, се е до добрата организација и вештини кои ги развивате со текот на времето“, изјави Јована во интервју за Гламур.
Четиринаесет години утринска програма е завидна бројка, но со себе носи и многу предизвици.