Тoни Михajловски заљубен во својата сопруга како и првиот ден – ЕМОТИВНАТА порака што и ја напиша ги разнежни сите
Тони сподели романтична порака за својата сопруга
Сопругата на Тони Михајловски, Александра Јорева Михајловски, денес слави роденден.
Нејзиниот познат сопруг на својот официјален профил на социјалната мрежа Фејсбук објави заедничка фотографија и со емотивни и љубовни зборови и го честиташе роденденот на својата сакана и ги разнежни сите.
„Среќен роденден, љубави!“
„Ти посакуваме многу здравје и уште многу родендени да славиме заедно. Секако и нерви за да не издржиш нас, занесените уметници што секојдневно ти го разубавуваме животот“.
„Биди ни жива здрава и насмеана“.
„Од Дебелиот, Малиша, Лаки и останатите“, напиша познатиот актер во описот на фотографијата заедничката фотографија.
Инаку, пред само неколку дена Тијана Дапчевиќ објави нивна заедничка фотографија од еден ресторан во Белград.
https://www.instagram.com/p/CZICv5eNNLT/
Познатата пејачка тогаш во шега напиша дека на гости и дошле другарчињата од Македонија, дека Тони ќе снима серија, а тие за тоа време ќе му пречат.
Инаку, Тони и Александра долги години се во брак. Тие го имаат синот Максим, а од претходниот брак Тони го има и Александар.
Александар и неговата избраничка во 2017 година се остварија во улога на родители, а Тони стана дедо.
Фотографијата што Тони ја објави со својата сакана погледнете ја на почетокот од текстот, а една од нивните најубави заеднички фотографии со целото семејство погледнете на крајот од галеријата.
Фото: Приватна архива
Фото: Приватна архива
Фото: Приватна архива
Фото: Приватна архива
Фото: Приватна архива
Фото: Приватна архива
Фото: Приватна архива
Фото: Приватна архива
Фото: Приватна архива