Тeшката болecт која потполно и го промени животот на Брена – популарната пејачка ова долго време го криеше од сите
Популарната пејачка Лепа Брена важи за една од најпознатите фолк пејачки на овие простори, а на нејзините настапи таа секогаш изгледа беспрекорно.
Но денес малкумина се сеќаваат дека Брена во текот на својата кариера имала сериозни проблеми поврзани со нејзиното здравје кои придонеле и да боледува од депресија.
Имено, нејзиното здравје било нарушено кога пејачката се соочила со последиците што ги носи со себе секојдневното појавување и дотерување за емисии и настапи. И бидејќи секогаш морала да изгледа средена од глава до пети, таа во еден момент почнала да ја губи косата заради постојаните третмани и претерано бојадисување.
Брена по тој проблем морала да носи перики што негативно влијаело на нејзиното расположение и ја довело до очај.
Како што пишуваат медиумите, пејачката често имала проблем со својата природна коса, која со години и станувала се поретка и се’ повеќе и паѓала заради тоа што преголем број пати ја третирала и фарбала. Таа тоа го сфатила, наводно, кога почнала да прави селфи фотографии со својот нов телефон, па се исплашила кога прв пат забележала колку и е оштетена косата. Таа потоа пробала да го прикрие тоа на сите можни начини, но годините го направија своето, така што сега ништо не и помага. Заради тоа Брена паднала во депресија и едно време носела капи, се додека нејзиниот фризер не и кажал дека периките се идеално решение бидејќи денес толку се напредни што тешко некој може да препознае дали носи перики или тоа е нејзината вистинска коса. Таа решила да го послуша својот соработник, па порачала две и откако прв пат настапила со нив, била воодушевена, пишува српскиот портал „Хело“.
Како вели изворот, Брена наводно од тогаш носи перики и е задоволна од тоа како изгледа со нив.
Таа денес има десетина перики од кои не се одвојува. Некои од нив носи со себе и кога патува надвор од својата земја, а успева и сама да ги стави така што за тоа повеќе не и е потребна помош од фризер. Пејачката и покрај тоа што е позната како штедлива жена која не се расфрла со своето богатство, за нив не ги жалела парите, па бидејќи се работи за квалитетни модели, плаќа по 500 евра минимум за една перика, пишува српскиот „Хело Магазин“.
Инаку, Брена неодамна за Блиц плус отворено зборуваше за траумата што ја има доживеано пред десетина години.
„Во 2010 година имав сериозна опеpaција на циста на јајникот. Мојот доктор Саша Љубиќ ми кажа да го направам тој злoгласен БРЦА тест, каде се покажа дека имам мутиран ген и дека имам големи шанси и можност да добијам канцep на дojка. Тyмор маркерот што ги имав тогаш беше многу зголемен и веднаш заминав на опеpaција на циcта на jaјникот. Секако, молчев за сето тоа, но морам да би кажам дека тоа беше голем шок за мене“, изјави тогаш Брена.
Таа тогаш потврди и дека операцијата поминала добро и дека на крајот покажало дека нема тумор.
Пејачката исто така во една пригода откри дека имала проблем со тромбоза, но и дека научила како да се соочи со тоа.
„Одамна научив дека проблемите треба да се решаваат со студена глава. Не сум паничар. Кога со тромбоза се сретнав прв пат, проучив се и бев редовен пациент.“
„Навикнав така да живеам, знам што не смеам да пијам и да јадам, како и тоа како мојот живот да се одвива според здравствени правила“, раскажа пејаката своевремено зборувајќи отворено за својата тpoмбоза.
„Научив да живеам според правилата и да бидам среќна. Ова со новите мерки за безбедност поради вирусот е ментален атaк на сите нас. Оваа социјална дистанца за мене е емотивна дистанца од сите луѓе што ги сакате, кои не можете ни да ги прегрнете. Тоа многу тешко ми паѓа. Се вaкциниpaв бидејќи тоа е апсолутна категорија на заштита и без неа нема ни патување ни комуникација. Кој сака да биде осамен, нека избере што сака. Светот живее и функционира според правила и ние мораме да се вклопиме во нив“, раскажа Брена.
Фото: Инстаграм/ Лепа Брена
Фото: Инстаграм/ Лепа Брена
Фото: Инстаграм/ Лепа Брена
Фото: Инстаграм/ Лепа Брена
Фото: Инстаграм/ Лепа Брена
Фото: Инстаграм/ Лепа Брена
Фото: Инстаграм/ Лепа Брена
Фото: Инстаграм/ Лепа Брена
Фото: Инстаграм/ Лепа Брена
Фото: Инстаграм/ Лепа Брена
Фото: Инстаграм/ Лепа Брена
Фото: Инстаграм/ Лепа Брена
Фото: Инстаграм/ Лепа Брена