Тaтиjaна Cтeфановска се огласи откако се породи и го откри името на ЌЕРКИЧКАТА: „Господ секаде да дава ваква радост!“
Македонската пејачка соопшти убава вест!
Убавата пејачка Татијана Лазаревска стана мајка, а радосната вест ја сподели на социјалните мрежи.
Татјана и Митко станаа родители на мала принцеза, односно добија ќерка.
„Голем си Господе! Благодарни и должни сме ти до века! Ни се роди ќерка! Ана! Господ секаде да дава ваква радост“, напиша фолкерката на „Фејсбук“, а истата објава беше постирана и на профилот на нејзиниот сппруг.
Секако под објавата честитки пристигнуваа од сите страни, а многумина беа и изненадени бидејќи само малкумина знаеја дека парот чека принова. Шармантната битолчанка долги години ја водеше битката да се оствари како мајка, па затоа и на оваа тема ретко зборуваше во јавноста.
Таа неодамна изјави дека пандемијата уште повеќе ги зближила со сопругот, кој исто така е музичар.
Имено, таа е во брак со музичарот Митко Бежаноски, на кого ова му е второ дете. Тој од претходниот брак има син.
Инаку Татјиана важи за една од позгодните пејачки на македонската фолк естрада која од време на време знае како да ја заскокотка машката фантазија со некој провокативен стајлинг.
Атрактивната русокоса пејачка уште од првото појавување на јавната сцена важи за некој што сака да ги поместува границите, а со фотографии кои ги објавуваше пред бременоста отиде и чекор понатаму и се надмина себеси.
Таа позираше во боди во боја на кожа со кое остави впечаток како да не носи ништо поигрувајќи си со фантазијата на посилниот пол.
Па и покрај пандемијата таа се трудеше да работи и да остане во топ форма па во едно интервју за ММС откри како го правела тоа.
„Тоа дека готвев во изминатиов период не значи дека не внимавав на линијата иако морам да признаам дека качив некое кило, но бидејќи теретаните беа забранети вежбав дома и внимавав на исхраната. Сега е убаво време за пешачење покрај езеро, се отворија и салоните за убавина, па можам комплетно да е посветам на себеси, односно на нега на моето тело и дух“, изјави неодамна познатата пејачка.
Во продолжение погледнете како изглегаше Татијана пред бременоста, а нема сомнеж дека и после бременоста таа ќе се врати на својата топ форма.