Реклама
Наши ѕвезди

Турчинката што се венчаше во Охрид ги шокираше фановите – тие се разочарани што не го покани на свадба новиот Бали-бег!

Реклама

Нивните заеднички фановите беа изненадени од оваа вест…

Фото: Инстаграм

Како што пренесуваат турските медиуми, шармантната актерка Ебру Шахин не го поканила својот колега Акин Аконозу на свадбата со Џеди Осман.

Младиот актер и миленик на жените, Акин Аконозу, призна дека се уште не добил покана од својата колешка Ебру Шахин со која додека глумеа во серијата важеа за најпопуларниот измислен пар во поновите турски серии.

Маркетинг

Во прашање е популарната турска сапуница „Невозможна љубов“ која постигна голем меѓународен успех, а во која се зборува за една голема љубов и одмазда.

Маркетинг

Серијата почна да се емитува во 2019 година и за брзо време стана една од најдобро оценетите драми од ваквиот жанр. По некое време серијата забележа голем успех и во државите како Шпанија, САД, Аргентина, Перу…

По улогите во оваа серија и двајцата актери тргнаа по разни патишта- Акин започна со нови проекти, а Ебру се прослави со серијата „Дестан“.

Но во септември 2021 година Ебру ги изненади своите милиони фанови со објавата дека ќе се венча во 2022 година со НБА кошаркарот Џеди Осман. Џеди кој е роден во Охрид, Македонија, својата сакана ја запроси во Кападокија, а деновиве се венча на брод на Охридското Езеро.

И додека венчавката беше одржана само во кругот на најблиските пријатели и семејството, тие во текот на следната недела ќе направат и голема свадба на плажата Чешме, во близина на Измир, каде што се запознале.

Акин кој цели три години работеше со Ебру, на прашањето од новинарите дали ќе дојде на нејзината свадба, одговори:

„И посакувам среќа. Но што друго да кажам. Најверојатно нема да добијам покана за венчавката.“

„Па и да ме поканат, прашање е дали ќе одам или не, ништо не е сигурно“, изјави тој и со ваквиот одговор ги изненади сите така што веднаш се појавија шпекулации дека тие не се во добро односи, иако своевремено важеа за мошне блиски и еден од омилените телевизиски парови.

Фото: Инстаграм

Кој е Акин Акинозу?

Акин Акинозу е роден во 1990 година во Анкара. Тој е единствен син на познатите турски актери Ослем Акинозу и Таматра Акинозу.

Пред да започне со глума живееше шест години во Америка, а на Беркли има заврши применета математика.

Во медиумите во регионот стана познат и по гласините дека наводно неговата свршеница Сандра го фатиле како ги гледа фотографиите на Јелена Карлеуша. Таа наводно бил љубоморна и револтирана што нејзиното момче по цел ден ги гледа нејзините фотографии, па го напуштила.

Фото: Инстаграм

Ова секако дека никој досега не го потврди, но по овие шпекулации Акин стана познат и на Балканот, иако во Турција веќе одамна важи за најсериозниот кандидат да му го одземе тронот на Бурак Озчивит (Бали Бег), долгогодишниот миленик на жените како во Турција, така и кај нас.

Фото: Инстаграм

Која е Ебру?

Ебру која многумина воодушеви и со нејзината појава во „Невозможна љубов“ во улога на Рајан која поминуваше низ разни препреки и сплетки за да остане со својот сакан Миран (кој го играше Акин Аконозу), и во приватниот живот не е ништо помалку амбициозна и посветена.

Фото: Инстаграм

Таа уште за време на студиите на спортската академија сонувала еден ден да стане актерка, а овој сон ќе успее и да го оствари.

Фото: Инстаграм

Таа денес има 27 години и важи за една од најпознатите и најплатените актерки во Турција од помладата генерација.

Фото: Инстаграм

Овие денови е актуелна и заради нејзината венчавка со кошаркарот Џеди Осман кој по потекло е од Македонија.

Фото: Инстаграм

Тие се венчаа во Охрид, на брод, а потоа направија и прослава на Канео, на која беа присутни најблиските пријатели и членови на семејството.

Фото: Инстаграм
Фото: Инстаграм

По овој настан тие планираат да направат свадба на плажата Чешме која што се наоѓа во близина на Измир, каде што наводно прв пат се сретнале.

Фото: Инстаграм

Ебру е воодушевена од Македонија, за што зборуваат и нејзините бројни фотографии од нашата земја на Инстаграм.

Некои од нив погледнете во продолжение:

Фото: Инстаграм

Фото: Инстаграм

Фото: Инстаграм

Фото: Инстаграм

Фото: Инстаграм

Фото: Инстаграм

Фото: Инстаграм

Фото: Инстаграм

Фото: Инстаграм

Фото: Инстаграм

Фото: Инстаграм

Фото: Инстаграм

Фото: Инстаграм

Фото: Инстаграм

Фото: Инстаграм

Фото: Инстаграм

Фото: Инстаграм

Фото: Инстаграм

Фото: Инстаграм

Фото: Инстаграм

Фото: Инстаграм

Фото: Инстаграм

Фото: Инстаграм

Фото: Инстаграм

Фото: Инстаграм

Фото: Инстаграм

Фото: Инстаграм

Фото: Инстаграм

Фото: Инстаграм

Фото: Инстаграм

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button