Турунџиева ја одведе Атиџе во еден од најубавите градови во светот – погледнете ја нејзината насмевка, една слика милион зборови!
Кога станува збор за неа, нема потреба многу да се зборува бидејќи нема човек во земјава што не слушнал за неа.
Не само во земјава, но и светот слушна за нашата „медена хероина“ која со својата добрина освои милиони луѓе ширум светот.
Атиџе Муратова и Сузана Турунџиева станаа пријателки уште од првиот моме т кога се запознаа, а Сузе призна дека добрината на Атиџе ја освоила за цел живот.
Нивната дружба продолжи и тие се речиси неразделни, па често Сузе споделува заеднички фотографии со Атиџе.
За разлика од многумина кои заборавија на Атиџе, Сузе остана верна и нивното пријателство сè уште трае.
Двете сами викендов одлучија да ги спакуваат куферите и да заминат надвор од Македонија.
Имено тие отпатуваа во Истанбул кој важи за еден од најубавите градови во светот.
Сузана на својот фејсбук-профил сподели низа фотографии од нивната прошетка, па нема сомнеж дека двете дами си поминале незаборавно.
Прошетка по турската чаршија, топол турски чај и локум, прошетка со брод и посета на најголемата и највисоката џамија која се гледа од сите страни на Истанбул.
-Во Турција секој убав муабет започнува со чај и локум … -напиша Сузана на својот фејсбук-профил.
Секако следеа илјадници лајкови и коментари кои им посакаа убаво и незаборавно патување.
Атиџе скромна и насмеана како секогаш зрачеше од среќа!
Македонската хероина Атиџе Муратова од денот кога првпат се појави на малите екрани до сега претрпе драстична промена од која многумина се изненадени, а за голем дел од тоа е заслужна нејзината пријателка Сузана Турунџиева.