Турунџиева се соблече и покажа со какво тело располага во шестата деценија – за оваа жена времето стои
Еве што се крие зад женствените комбинации на оваа наша позната дама
Плени како со изгледот, така и со убавината на духот што го негува
Познатата македонска пејачка, писателка и водителка Сузана Турунџиева ги изненади сите со своите најнови фотографии.
Таа го искористи слободниот викенд и замина на неколкудневен одмор, па на својот Инстаграм покажа како ужива во убавото време,.
Нејзините сензуални фотографии веднаш привлекоа внимание, а многумина коментираа дека никогаш не изгледала поубаво.
Инстаграм/ Сузана Турунџиева
„Браво Сузе, времето за тебе е застанато“, „Многу си убава“, „Природата дава што ти душа сака“, се само некои од коментарите што Турунџиева ги доби под фотографијата на која што таа во описот напиша:
„Само што ќе помислиш дека си ги видел сите срца на плажата, излегува ново, уште посовршено камче во облик на срце“.
Инстаграм/ Сузана Турунџиева
Сузана за оваа пригода носеше дводелен костим за капење, а во преден план беше нејзиниот природен шарм и беспрекорно тело.
Од коментарите може да видиме дека сите беа воодушевени од ова издание, па ова не можеше да остане без позитивни реакции.
Инстаграм/ Сузана Турунџиева
Но овие фотографии покрај тоа што ги воодушевуваат фановите, туку Сузе со нив покажува и дека знае како да го балансира животот.
Инстаграм/ Сузана Турунџиева
И да ги бара само убавите нешта како во семејниот живот со најблиските, така и во јавниот незаборавајќи на своите фанови.
Инстаграм/ Сузана Турунџиева
Таа со овие свои изданија секогаш привлекува внимание, но истовремено им е инспирација и на сите останати жени покажувајќи дека една дама може да заблеска со сиот свој сјај, без разлика на годините и во било кој период од својот живот, а за сето тоа потребна ви е само добар став и позитивна енергија.
„Животот е онаму каде што е плажата“, вели Сузе под една од овие свои бикини фотографии на социјалните мрежи.