Рецептот е многу лесен и совршен доколку сакате да подготвите појадок без да потрошите многу време.
Потребно ви е:
250 грама брашно, 150 милилитри вода, една лажичка сув квасец, половина лажичка сол, 2 лажици масло, 2 лажици јогурт, 150 грама сирење

ФОТО: Принтскрин / You Tube
Подготовка:
Загрејте ја водата да биде млака, додадете сув квасец, брашно и сол и замесете меко тесто.
Покријте го со памучна крпа или проѕирна фолија и оставете го да отстои половина час или додека не се удвои количината на тестото.

ФОТО: Принтскрин / You Tube
Формирајте мали топчиња од тестото и потоа месете ги со сукало.

ФОТО: Принтскрин / You Tube
На половина од секој дел од тестото ставете крупно изрендано сирење, а потоа преклопете го со другиот дел од тестото, притиснете го со прстите на страна и оставете го да отстои десетина минути.

ФОТО: Принтскрин / You Tube
Тавата премачкајте ја со масло, добро загрејте, па спуштете го ѓозлемето и пржете го од двете страни доека не добие златно кафеава боја.

ФОТО: Принтскрин / You Tube

ФОТО: Принтскрин / You Tube





