Турскиот заводник од „Истанбулската невеста“ рипна во тавче – ќе се воодушевите од бајковитата венчаница на младата
Покрај фотографијата на која позираат насмеано напиша и емотивна порака
Познатиот турски актер Беркај Хардал кој се прослави со улогата на Мурат Бран во хит серијата „Истанбулската невеста“ ги изненади фановите.
Тој неодамна на социјалните мрежи објави дека ја запросил својата девојка, 24 годишната актерка Дилан Телкок, а деновиве неговата убава невеста ги објави и првите фотографии од нивната венчавка.
Тој пред година дена беше во врска со колешката Хира Којунчуоглу којашто ја глумеше слугинката Баде во семејството Боран. Тој тогаш за неа велеше дека му е подеднакво важна како и мајка му. Но откако несудениот фудбалер ја доби главната улога во серијата „Kardes Çocuklari“, почнаа и проблемите во неговито љубовен живот. Имено, во оваа серија партнерка му беше 21 годишната Афра Сарачоглу на која Хира и беше љубоморна, па така тие набргу откако се појавија гласините дека ја изневерува, се разделија.
Беркај (24) е претставник на генерацијата која живее на Инстаграм, социјална мрежа која и му ја овозможи најголемата шанса во животот. Имено, актерот кој во серијата „Истанбулска невеста“ го глуми Мурат, најмладиот член на семејството Боран, беше студент по економија со неколку стотина илјади следбеници на социјалните мрежи преку кои го забележа агентката која му понудила да го застапува.
„И пред тоа во инбокс добивав различни актерски понуди, но ги одбивав сакајќи да останам фокусиран на факултетот и студиите. Но кога ми се обрати мојата сегашна агентка со приказната за аудиција во високобуџетната серија и едногодишен договор, сфатив дека тоа е прилика која што не сакам да ја испуштам. Потоа се с случуваше како на филм: од одењето на аудиција, на која имав ужасна трема, се до одлуката на режисерот да ја добијам улогата на Мурат, Немав поим за глума и што очекуваат од мене, но режисерот ми рече ’не треба да бидеш возбуден и да глумиш пред камерите, биди она што си’“ раскажува Беркај кој со првата улога во серијата во животот му се појави и првата љубов.
Според сценариото во серијата неговиот лик се вљубува во убавата слугинка, а тоа му се случува и во вистинскиот живот со актерката Хира Којунџуоглу која имаше дваесет и три години додека ги снимаа нежните сцени.
Но оваа врска немаше среќен крај, а познатиот актер заврши во прегратките на неговата колешка Дилан.