Туристи завеани на Пелистер, не можат да се вратат дома – објавија „ШOKAНТНИ“ фотографии, снегот им ги затрупа автомобилите!
Непријатно изненадување ги изненади туристите што викендов се најдоа во планинските туристички центри во Македонија.
„Ги контактиравме службите во Битола, но засега немаме никаков конкретен одговор кога ќе биде исчистен снегот“, ни изјавија туристите од Штип кои во овој момент се наоѓаат завеани во хотелот Молика на Пелистер.
Во Македонија на повисоките места падна снег повеќе од просечната количина што обично е очекувана за овој период од годината, посебно по топлите „пролетни“ денови што ги имавме во изминатиот период.
Големи снежни врнежи имаше и на планината Пелистер, каде во хотелот Молика е сместена поголема група туристи од Штип кои апелираат до надлежните да го исчистат патот за да можат да се вратат во своите домови.
Нивните автомобили се целосно затрупани и не се гледаат од снегот, па многумина од нив се жалат на социјалните мрежи.
Како што може да се прочита од коментари на Фејсбук, во моментов на никој од групата не му е сеедно. Тие имаат гости и од соседните држави, кои планираа да се вратат дома, но сега не знаат што ќе се случува, бидејќи се уште никој не ги известил дали и кога снегот ќе биде исчистен.
„Ова е срамота. Во целиот хотел имаат само две лопати. Како да сме на плажа, а не на планина. Механизација никаква, а погледнете што се случува. Не само што целосно ни се затрупани автомобилите, туку не се гледа ни патот под снегот, а од камионот за чистење нема ни абер“.
„Се надевам дека ќе го отворат патот наскоро и ќе можеме да си одиме дома“, вели еден граѓанин на Фејсбук.
Инаку слична ситуација со снегот ги затекна и туристите кои на Попова Шапка, Маврово, Крушево, Пониква, но и на сите останати повисоки места во Македонија. На повеќето планински превои во западна Македонија, како и на патниот правец Маврово-Дебар, од раните утрински часови е забранет сообраќајот за камиони, а на некои повисоки планинските места кои се непреодни има толку многу снег што не се гледаат ни сообраќајните знаци.
И граѓани кои се наоѓаат во Маврово на социјалните мрежи пишуваат дека туристичкиот центар, но и патот кој води кон него, е целосно затрупан од снег, а досега нема ни трага од камиони кои би го чистеле како туристите што викендот го поминела тука би можеле да си заминат дома.
Ако мислел некој на скијање за #Маврово да трга, нека не трга pic.twitter.com/fETlBIe9eX
— Fangio (@powerbarmk) February 27, 2022
„Во текот на ноќта во Маврово падна многу снег. Ни „к“ нема од некаков камион за чистење на снегот. Затрупани сме и не можеме да си дојдеме дома“.
„Патиштата се непроодни. Човек не може да мине, а не кола“, вели еден граѓанин на социјалните мрежи.
Фото: Фејсбук
Фото: Фејсбук
Фото: Фејсбук
Фото: Фејсбук
Фото: Фејсбук
Фото: Фејсбук
Фото: Фејсбук
Фото: Фејсбук
Фото: Фејсбук
Фото: Фејсбук
Фото: Фејсбук
Фото: Фејсбук
Фото: Фејсбук
Фото: Фејсбук
Фото: Фејсбук
Фото: Фејсбук
Фото: Фејсбук