Тука царува љубовта: Еве како изгледа топлиот дом на Ѓоко Јовиќ – ВИСТИНСКИ РАЈ исполнет со весели детски насмевки!
Весело е овие денови во домот на пејачот Ѓоко Јовиќ
Нашиот познат фолк пејач Ѓоко Јовиќ деновиве се оствари во улога на татко по четврт пат откако неговата сопруга Ивана повторно се породи.
Таа на свет донесе уште едно машко дете на кого родителите одлучија да му го дадат името Дарин
По повод раѓањето на новиот наследник, пејачот во еден познат скопски ресторан ги собра своите најблиски пријатели и направи забава за паметење.
Тие веќе имаат три деца, а нивниот топол дом сега е побогато за уште еден член за кого сега сите се грижат.
Нивниот топол дом е уреден во модерен стил, а секој детаљ во него е внимателно избран. Но откако новиот член се всели во нивното „гнездо“, со себе донесе и нова посебна енергија со која сега зрачи целото место.
Како што самит пејач истакна во една пригода, уредувањето на нивниот дом до 80- % го препушта на неговата сопруга.
„Ѓоко верува во мојов вкус, и се согласува, а јас ништо не одлучувам сама без да се консултирам со него. Мора да ни се допадне и на двајцата“, изјави неговата сопруга во емисијата „Ексклузив“ која повеќе не се емитува, одговорајќи на прашањата на новинарот Зоран Василевски.
Ѓоко и неговата поубава половина Ивана Јовиќ својата љубов ја крунисаа со брак пред петнаесетина години.
Како изгледа љубовното гнездо каде Ѓоко живее со сопругата и децата Теодора, Михаил, Јоан и Дарин погледнете во продолжение.
Инаку Ѓоко денес е успешен човек, среќен татко и сопруг, но тој не крие животот не му бил баш секогаш наклонет.
Тој по потекло е од Валандово, каде во минатото неговите родители се занимавале со земјоделие и саделе тутун. Тој и самиот го работел тоа, и не само што не се срами да зборува за тоа, туку како што самиот вели во едно интервју, и сега е подготвен да го работи тоа за своите деца.
„Најважната лекција ја научив од татко ми. Еден ден ме седна и ми кажа: „Сине, јас можеби не сум ти дал богатство, но сум направил сите да зборуваат за тебе само убаво. Сум оставил чисто лице“. Тие зборови ќе ги паметам цел живот“, изјави Ѓоко во интервју за Женски магазин.
Фото: Инстаграм/ Ѓоко Јовиќ
Фото: Инстаграм/ Ѓоко Јовиќ
Фото: Инстаграм/ Ѓоко Јовиќ
Фото: Инстаграм/ Ѓоко Јовиќ
Фото: Инстаграм/ Ѓоко Јовиќ
Фото: Инстаграм/ Ѓоко Јовиќ
Фото: Инстаграм/ Ѓоко Јовиќ
Фото: Инстаграм/ Ѓоко Јовиќ
Фото: Инстаграм/ Ѓоко Јовиќ
Фото: Инстаграм/ Ѓоко Јовиќ
Фото: Инстаграм/ Ѓоко Јовиќ
Фото: Инстаграм/ Ѓоко Јовиќ
Фото: Инстаграм/ Ѓоко Јовиќ
Фото: Инстаграм/ Ѓоко Јовиќ
Фото: Инстаграм/ Ѓоко Јовиќ
Фото: Инстаграм/ Ѓоко Јовиќ
Фото: Инстаграм/ Ѓоко Јовиќ
Фото: Инстаграм/ Ѓоко Јовиќ
Фото: Инстаграм/ Ѓоко Јовиќ
Фото: Инстаграм/ Ѓоко Јовиќ
Фото: Инстаграм/ Ѓоко Јовиќ
Фото: Инстаграм/ Ѓоко Јовиќ
Фото: Инстаграм/ Ѓоко Јовиќ
Фото: Инстаграм/ Ѓоко Јовиќ
Фото: Инстаграм/ Ѓоко Јовиќ
Фото: Инстаграм/ Ѓоко Јовиќ