Трудничко стомаче, широка насмевка и ниту грам вишок – „исплива“ фотографија на Гавазова во седмиот месец од бременоста
Познатата пејачка има две ќерки, а на социјалните мрежи „исплива“ фотографија на која можеме да ја видиме со труднички стомак.
Македонската фолк-пејачка Сузана Гавазова несомнено е една од најпознатите фолк-пејачки во Македонија, па затоа воопшто не треба да не чуди тоа што беше во фокусот на јавноста и за време на својата бременост. Таа на еден свој настап во Шведска случајно го сретна својот сегашен сопруг, Босанецот Јасмин Курузовиќ, во кого се вљуби на прв поглед, а по кратка врска, направија веридба и остана бремена.
Пејачката во април 2014 година се породи кога ја роди својата прва ќерка Емили, а по сами неколку месеци откри дека повторно е бремена и дека со сопругот очекуваат уште една принова во семејството.
Таа тогаш откри дека е во четврти месец од бременоста, а по неколку месеци настана и фотографијата со Селена во стомакот,
„Сакав побрзо да ги родам децата, планираме да имаме три. Набрзина да ги израснам па да има време да се вратам и повторно да и се посветам на кариерата”, изјави познатата пејачка во една пригода.
Беше згодна и додека беше бремена
Гавазова уживаше во своите бремености и интимата со сопругот ја чуваше далеку од очите на јавноста, а во ретки пригоди се појавуваше пред камери и покажуваше дека природата и е наклонета. Имено, на неа и во двете бремености и растеше само стомакот, а ја задржа својата витка линија.
Како што може да се види од фотографијата, на Гавазова во седмиот месец од бременоста и порасна само стомакот, а убавото тело успеа да го задржи. Пејачката на прв поглед и не изгледа како бремена, иако кога подобро ќе ја погледнете фотографијата ќе го забележите и нејзиното стомаче.
Таа тогаш позираше облечена во женствен фустан со животински дезен, а целото издание го заокружи со преубава фризура и шминка.
Инаку, Гавазова и нејзиниот сопруг во брачните води запловија пред речиси десетина години, кога направија и раскошна свадба за роднините и пријателите, а пред неколку години решија да се вратат да живеат во Македонија за пејачката да може да ја продолжи својата музичка кариера.
Пејачката по потекло е од струмичкото село Сушица, а нејзините почетоци се поврзани со групата Пецикато.
Нејзиниот прв настап бил на Фолк Фест Валандово пред скоро 25 години, со песната „Ако ако, нека нека“.
Гавазова со Пицикато ќе издаде два албуми за издавачката куќа Сенатор – Битола, а во 2004 година, повторно во Валандово го прави и својот прв соло настап со композицијата „Немирка“ на Димитров.
Таа како солист ќе издаде уште неколку албуми, а нејзината песна „Бум бум“ важи за еден од најголемите фолк хитови во Македонија.
Еден од нејзините последни хитови „Бум бум“ важи за една од најслушаните фолк песни во Македонија.
Бонус галерија
Гавазова во „акција“
Фото: Инстаграм/ Сузана Гавазова
Фото: Инстаграм/ Сузана Гавазова
Фото: Инстаграм/ Сузана Гавазова
Фото: Инстаграм/ Сузана Гавазова
Фото: Инстаграм/ Сузана Гавазова
Фото: Инстаграм/ Сузана Гавазова
Фото: Инстаграм/ Сузана Гавазова
Фото: Инстаграм/ Сузана Гавазова
Фото: Инстаграм/ Сузана Гавазова
Фото: Инстаграм/ Сузана Гавазова
Фото: Инстаграм/ Сузана Гавазова
Фото: Инстаграм/ Сузана Гавазова
Фото: Инстаграм/ Сузана Гавазова