Реклама
MAMAКафе муабет

Трудница во очај, бара помош: Свекрвата бара од внуците да ја викаат мама, а нејзиниот сопруг мисли дека тоа е потполно нормално

Реклама

Сите родителите и роднини се чувствуваат удобно кога детето ќе им се обрати со името кое им припаѓа, без разлика дали тоа е дедо, чичко, тетка…

Но, што ако бабата сака нејзиниот внук да ја вика мама?

Маркетинг

Во таква ситуација, се најде една идна мајка која одлучи да ја сподели својата приказна со Reddit.

„Му реков на мојот драг сопруг дека воопшто не е во право, и ако не можам да бидам мајка на моите деца, тогаш подобро да не ги имам”, пишува таа.

Маркетинг

Но, нејзиниот сопруг не гледа проблем во сето ова, бидејќи децата на неговиот брат нивната баба ја викаат мама.

„Мислам дека имам право да одлучам како нашите деца ќе ја наречат мајката на сопругот, но тоа сигурно нема да биде мама”, рече таа.

„Бев загрижена дека не сум во право бидејќи сите ми рекоа дека тоа е нешто што едноставно треба да го игнорирам и дека ова не е добра причина за развод. Единствената личност која потполно ме разбира е мајка ми”, рече таа.

По нејзината објава, следеа голем број коментари, главно жени кои ја поддржаа. „Јас сум апсолутно на ваша страна! И твојот сопруг не ми е јасен, како може тој тоа да го поддржи? ” коментира другите жени.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Back to top button