Луѓето родени во овие хороскопски знаци познати се по тоа што фрлаат пари на глупости и не можат да запрат.
За нив финансиското планирање е навика на досадните луѓе, а тие не се од тој ков, па трошат спонтано, често и повеќе отколку што заработуваат. Лесно влегуваат во минус и во финансиски проблеми, но тоа е во нивната природа.
Риби
Рибите постојано го надминуваат својот буџет зошто сакаат да им даваат на другите. Тие секогаш ќе им помогнат на другите, дури и кога тоа значи дека нема да имаат доволно за себе. Рибите едноставно не размислуваат за пари и ги трошат потполно ирационално.
Стрелец
Стрелците и нивниот претеран оптимизам ги влече над границите на реалноста. Тие планираат и остваруваат работи за кои апсолутно немаат пари, не секогаш се снаоѓаат. Нивните намери се добри, но едноставно се неромислени и детски.
Близнаци
Близанаците се најнеодговорен знак. Тие се невозможни за да се контролираат во било кој сегмент од животот, а посебно во финансиите. Тие живеат водејќи се од славната максима „животот е еден“ и така се однесуваат, па и од месец во месец примаат предупредувачки повици и мејлови од банка или од пријателите од кои позајмиле пари.
Овен
Овновите често го надминуваат својот буџет зошто купувањето им е начин за утеха. Тие во мислите ги рационализираат своите трошоци, но реалноста е малку поинаква. Сепак, Овновите се многу интелигентни кога ќе згусти, стануваат одговорно и престануваат да трошат.