Трлај, пи*да ти материна – дедо Тони ни откри уште една од своите генијални тајни за долг живот, но и што мисли за ракијата (видео)
„Не пцујам често, верувам на своето тело и правам онака како што мене најмногу ми одговара“
Таљат Тони Салмани, хрватскиот пензионер кој по потекло е од Вруток, Македонија, и кој се прослави со неговите критики упатени кон пензионерите кои постојано се жалат на разно-разни болки, повторно се појави на телевизиските екрани и сподели некоја од своите мудрости.
„Болеста не постои ако сте умствено здрави. Бактериите знаат каде одат. Тие кај мене нема што да бараат“, вели овој симпатичен 82-годишен пензионер.
https://www.youtube.com/watch?v=Eu9YaE-5xYU
„Наутро треба да се измиете со студена вода. Да ги масирате рацете, убаво да појадувате, да се прошетате еден или два часа, и нема да бидете болни бидејќи болестите не постојат. И мозочниот удар не постои, но мораш секое утро со рацете да ја триеш главата“, вели тој.
„Наутро стави ги рацете зад вратот и притиснете на задниот дел, а со палците трлајте ги ушите“, додава дедо Тони. „На овој начин не ме боли главата, бидејќи мора сé да циркулира како што треба и нема мозочен удар“, вели тој.
Еве што мисли дедо Тони за грипот
На прашањето каде го прочитал тоа, тој како од пушка одговори: „Јас не читам. Како оној што пишува книги може да знае подобро за мене од мене. Велат – не смееш да јадеш солено, благо, луто, горко – ма јади што ти душа сака. Јас јадам сé што ми се јаде. Може и добра ракија, но не да се напиете. Душата владее со нас, никој друг“, вели тој.