Имаме одлични вести за љубителите на кафето – истражувањата покажаа дека пиењето шолја кафе дневно е одлично за здравјето вклучувајќи и кафе без кофеин.
Истражувачите ширум Европа и Америка откриле дека луѓето кои просечно пијат 3 шолји кафе дневно како еспресо, кафе со млеко или кафе без кофеин, живеат подолго од оние кои не пијат кафе.
Двете најголеми нови студии покажаа дека зголемената потрошувачка на кафе е поврзана со намален ризик од смрт од било која причина, особено болести на срцето и белите дробови, и дигестивни нарушувања.
Научниците од Меѓународната агенција за истражување на ракот на Империал колеџот во Лондон испитаа 521,330 луѓе на возраст од 35 години во 10 европски земји.
Мажите кои пијат најмалку три шолји кафе дневно имаат 18% помалку шанси за смрт од било која причина во споредба со оние кои не пијат кафе, додека жените кои консумираат исто количество кафе имаат помалку – 8% помалку шанси за смрт.
На група од 14.000 луѓе, истражувачкиот тим откри дека луѓето кои пијат кафе имаат поздрав црн дроб и подобра контрола на гликозата од оние кои не консумираат кафе. Др. Гунтер кој беше дел од ова истражување додава дека конзумирањето поголеми количества кафе е поврзано со „поблагодарна” функција на црниот дроб и имунолошкиот систем.