Три фaтaлни изданија на македонската „Пинк ѕвездичка“ со кои ќе ЗАБЛЕСКАТЕ И ВИЕ ако ги носите на вашата матурска забава!
Младата пејачка не воодушевува со својот стил…
Пејачката Мартија Станојковиќ која се прослави со учеството во популарното музичко шоу „Пинк ѕвездички“ во последно време постојано го привлекува вниманието на медиумите и си своите смели модни изданија.
Речиси секоја нејзина комбинација предизвикува коментари на социјалните мрежи, а многу девојки би сакале да ја копираат.
Младата пејачка очигледно многу добро знае како да привлече внимание и да го истакне својот изглед, без разлика дали тоа го прави во елегантни или секојдневни, поопуштени изданија. Таа деновиве ги остави сите без здив кога се појави во тесниот фустан со шарен, впечатлив дезен кој многумина се уште го коментираат на социјалните мрежи, а потоа и во прекрасната креација во страсна црвена нијанса во која блескаше.
И бидејќи важи за една од нашите најпознати пејачки од помладата генерација, која привлекува внимание и со својот стил, решивме денес да ви претставиме неколку нејзини прекрасни комбинации кои би можеле на многу девојки да им послужат како инспирација.
Посебно доколку пред нив е некој свечен настан како матурска или апсловентска забава, или треба да одат на свадба.
Разиграно
Мартија на следниве фотографии носи преубав пролетен фустан со долги ракави и необичен дезен со кој дефинитивно ќе бидете во центарот на вниманието.
Пејачката го носеше со елегантни бели сандали и црвена чантичка, а ако на тоа ја додадеме и нејзината преубава фризура, таа едноставно блескаше и никого не остави рамнодушен со ова свое впечатливо издание.
Фaтaлно
Овој црвен фустан е одличен избор за прослави, посебно во комбинација со модни додатоци во металик нијанса.
Фустанот е со асиметричен голем отвор на грбот и суптилни отвори во пределот на половината, а Мартија го носеше со мала златна чантичка и коса врзана во коњско опавче.
Роденденско
Ова издание Мартија го носеше за својот 18 роденден кога уште еднаш покажа зошто важи за една од најпосакуваните пејачки.
Таа тогаш со оваа креација во впечатлива сина боја мамеше воздишки, а сите се согласија дека изгледа бpyтално.
Пејачката тесниот фустан со долги ракави кој ја следи линијата на нејзиното феноменално тело го комбинираше со металик сандали со тенки високи потпетици и големи обетки со циркони, а целото издание го заокружи со впечатлива шминка и нејзината убава долга, црна коса.
Во продолжение погледнете ги и останатите изданија на Мартија и кажете ни кое ви се допаѓа најмногу?
Фото: Инстаграм/ Мартија Станојковиќ
Фото: Инстаграм/ Мартија Станојковиќ
Фото: Инстаграм/ Мартија Станојковиќ
Фото: Инстаграм/ Мартија Станојковиќ
Фото: Инстаграм/ Мартија Станојковиќ
Фото: Инстаграм/ Мартија Станојковиќ
Фото: Инстаграм/ Мартија Станојковиќ
Фото: Инстаграм/ Мартија Станојковиќ
Фото: Инстаграм/ Мартија Станојковиќ
Фото: Инстаграм/ Мартија Станојковиќ
Фото: Инстаграм/ Мартија Станојковиќ