Три типови коронавирусот го клекнаа светот на колена – Низ Европа се шири варијанта поинаква од азиската
Група научници од Универзитетот во Кембриџ тврдат дека постојат три главни варијанти на новиот коронавирус – А, Б и Ц.
Откритието на оваа меѓународна група научници е објавено во списанието „Proceeding of the National Academy of Sciences“ (PNAS) и до него тие дојдоа со анализа на генотмот на коронавирусот земен од примероци на 160 пациенти од целиот свет меѓу 24 декември минатата година до 4 март оваа година.
Типот А генетски е најсличен со вирусите најдени во лилјаците и глодарите и затоа се смета за „корен на епидемијата на Ковид-19“, но не преовладувала во кинеската област Вухан каде првпат се појави епидемијата и почна да се шири низ светот.
Најголем дел од случаите на заболени од типот А се регистрирани кај пациенти во САД и Австралија.
Во Вухан кај пациентите доминирал типот Б на коронавирусот кој се развил од типот А (со мутација на два гена).
Типот Б преовладува кај пациентите во Источна Азија, додека типот Ц е главен европски тип присутен кај раните пациенти од Франција, Италија, Шведска и Англија.
Тој тип на коронавирусот е „ќерка“ на варијантата Б и е забележана кај пациенти во Хонг Конг, Јужна Кореа и Сингапур, од каде се рашири до Европа.
„Повеќето случаи од Вухан се тип Б од кој подоцна се разви тип Ц и се прошири на почетокот низ Сингапур“, рече Фостер.
Тој смета дека типот Ц не мутирал, но нагласува дека сепак треба да се земе со резерва зошто таквото размислување се заснова на мал примерок.
Анализата на британските научници во ПНАС исто така сугерира дека еден од најраните пробиви на вирусот САРС-КоВ-2 во Италија дошол низ првата германска документаирана инфекција на 27 јануари и дека уште еден претходен италијански случај е поврзан со кластерот пациенти во Сингапур.
Додека типот Ц доминираше во Европа во првите недели од ширењето на Ковид – 19, новите анализи на тимот на Фостер покажуваат дека тука сега побрзо се шири типот Б.
Тимот на Фостер анализирал 1.000 примероци земени до крајот на март, но таа студија се уште не поминала низ рецензија.
Според прелиминарните резултати типот Б сега доминира во Велика Британија, Швајцарија, Франција, Германија, Белгија и Холандија.