Реклама
Наши ѕвезди

Три децении љубов: Брена и Боба прославија 29 години од бракот – погледнете како изгледаше венчаницата на познатата пејачка

Реклама

Нивната љубов е навистина нешто посебно

Фото: Инстаграм/ Лепа Брена

Пред 29 години, на вчерашниот ден, се омажи една од најпознатите пејачки на Балканот, Лепа Брена.

Нејзината љубов со тенисерот Бобан Живојиновиќ се уште цвета, и по толку години, а како што и самите досега имаат многу пати изјавено во медиумите, и покрај сите турбуленции во животот, ништо не влијаело на нивната долгогодишна вистинска љубов.

Маркетинг
Фото: Принтскрин

Кога запловија во брачните води и двајцата беа веќе познати и остварени луѓе спремни да продолжат со својата кариера. И додека Брена беше една од најпознатите пејачки во поранешна Југославија, Боба една година откако се ожени мораше заради повреда да заврши со својата кариера.

„И така ние двајцата 29 години“, напиша Брена под фотографијата, од кои една е од нивната свадба.

 

Маркетинг
Фото: Принтскрин/ Инстаграм

Таа и самата признава дека Боба е љубовта на незиниот живот, па затоа и не треба да чуди што важат за еден од најскладните парови.

Фото: Принтскрин/ Инстаграм

А она на што денес тие најмногу се гордеат е нивото семејство.

Имено, Брена е мајка на два сина, 28 годишниот Стефан и 22 годишниот Виктор, а со нив порасна и 35 годишниот Филип кој Боба го доби од бракот со Зорица Накиќ, со која денес и Брена е во одлични односи.

Фото: Принтскрин/ Инстаграм

Брена на својот Инстаграм се потсети и на денот на венчавката, кога на 7 декември 1991 година го кажаа своето „ДА“.

„Боба и мене животот не изостри и не научи на она најважното, а тоа е да ја одржите заедницата доколку се сакате и се почитувате. Мислам дека почитувањето и љубовта се наследуваат и учат од своето семејство. Ние живееме во систем во кој жените и мајките не се ценети, во кој законски тоа е нормално, а негде во реалноста е неподдржано“.

Фото: Инстаграм/ Лепа Брена

„Секој ден можеме да слушнеме што и се случило на некоја мајка, дете, што на мене како јавна личности и сопруга, сестра, мајка која има поддршка од целото семејство силно ме погодува“, изјави пејачката во една пригода.

Фото: Принтскрин/ Инстаграм

Интересен детаљ од свадбата на векот

Денес малкумина се сеќаваат дека на свадбата на Брена и Боба бидермаерот го фати една многу позната девојка.

Фото: Принтскрин/ Инстаграм

Имено, на гламурозната свадба присуствуваат бројни личности од светот на шоубизнисот, политиката и спортот.

Меѓу гостите имаше и многу колешки на Брена, е една од нив го фати бидермаерот на свадбата на векот.

Фото: Инстаграм/ Лепа Брена

Тогаш Брена не можеше да претпостави дека ќе и донесе среќа на својата колешка Драгана Мирковиќ.

Фото: Принтскрин

Токму таа беше девојката која го фати бидермаерот, а пејачката девет години по овој настан, во 2000, се омажи за Тони Бјелиќ.

Фото: Принтскрин

Денес и Драгана е во среќен брак со Тони со кого има две деца и важат за познат, богат и складен пар.

Фото: Инстаграм/ Лепа Брена
Фото: Инстаграм/ Лепа Брена
Фото: Инстаграм/ Лепа Брена
Фото: Инстаграм/ Лепа Брена
Фото: Инстаграм/ Лепа Брена
Фото: Инстаграм/ Лепа Брена
Фото: Инстаграм/ Лепа Брена
Фото: Инстаграм/ Лепа Брена
Фото: Инстаграм/ Лепа Брена
Фото: Инстаграм/ Лепа Брена
Фото: Инстаграм/ Лепа Брена
Фото: Инстаграм/ Лепа Брена
Фото: Инстаграм/ Лепа Брена

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button