Тренд што го обожаваат Македонките во летните месеци – неколку комбинации што можете да ги носите и во град и на плажа

Бохо стилот им е омилен на многу Македонки во текот на топлите летни месеци, посебно кога ќе дојде време за одмор.

Овој тренд е актуелен секоја летна сезона, а покрај облеката во овој стил популарни се и фризурите.
Главната карактеристика за овој стил е опуштеноста и лежерноста, па токму затоа и многу дами го сакаат.
Како стил на модната сцена се појави во шеесеттите години на минатиот век и ги обедини хипи модата и етно деталите.
Ваквите романтични парчиња можете да ги носите како преку ден, така и во вашите вечерни изданија, а неколку интересни комбинации во овој стил кој во последно време е посебно популарен погледнете во продолжение.

Инаку, изразот „бохо“ потекнува од зборот боеми, кој настана во Франција и со кој парижаните ги опишувале писателите и уметниците што живееле на боемски начин – со други зборови, неконформистички, безгрижно и едноставно. Вистинските боеми биле номади – патувале по цела Европа, запознавајќи се со другите култури и обичаи.



На почетокот од 21 век на девојките што ја следат модата почнаа да трошат големи суми на пари на лелеави макси фустани и здолниште со цветни дезени, набори и реси, за да го постигнат „бохо“ стилот кој зрачи со слобода и опуштеност. Суштината на ваквиот стил се крие токму во рамнодушноста кон секојдневниот живот и проблемите, карактеризира го слободата, доброто расположение, соништа за подобри пригоди, со еден збор сето она по што копнееме сите ние, посебно во овој период од годината.

Па доколку сакате овие емоции да ги пресликате на себе и ова лето да зрачите со посебна енергија, изберете шешир, блуски со реси, опуштени фустани со интересни пролетни дезени и заблескајте во сиот ваш сјај.
Фото: Пинтерест
Фото: Пинтерест
Фото: Пинтерест
Фото: Пинтерест
Фото: Пинтерест

Наши предлози за вашите плакари
Free People
Mango
Zara
English Factory
& Other Stories
Zara
Darek Lam 10 Crosby
H&M
Mango
H&M
New Balance
Urban Outfitters