Вирално

Тренди: Оваа фризура го запали Интернетот, а можеш и сама да ја направиш дома, еве како (ВИДЕО)

Advertisement

Социјалните мрежи, сакаме да признеме или не, влијаат на нашиот живот во многу сегменти. Посебно ова се однесува на креирањето на актуелни трендови во светот на модата и убавината. Последниот во низата е т.н. плетенка со меурчиња, а оваа хит летна фризура во најава забележа пораст на пребарувањето на Пинтерест од дури 155 отсто.

Мора да признаеме дека е разбирлива заинтересираноста за овој начин на стилизирање на косата кој делува многу опуштено и лелеаво, а истовремено и женствено.

Advertisement

Упатствата се многу едноставни

Станува збор за фризура на плетење на два дела од косата околу средниот прамен, слично на традиционалната плетенка, но со едно виткање. Сепак, веднаш во старт да нагласиме дека за оваа фризура потребни се повеќе ластичиња, но нека не те обесхрабрува тоа, во обидот да си креираш една ваква плетенка. Исто така, целиот процес всушност е многу едноставен и деталите може да ги подледнете во следното видео:

https://www.instagram.com/p/B_sxOjDBYfp/

Подели ја косата на половина како да сакаш да направи две репчиња, а потоа издвои само еден дел и тој подели го на три прамени. Но наместо да ги плетеш меѓусебе еден од нив нека ти служи како своевидна основа околу која ќе се завртат другите два и ќе се подврзат со ластиче. Кога ќе го направиш тоа полека рашири го подврзаниот дел за плетенката да добие на волумен. Оваа постапка повторувај ја се до врвовите.

Advertisement

Пробајте нови форми

Кога ќе ги совладаш основите можеш да се обидеш со низа различни фризури на кои протнатата плетенка ќе им биде основа.

Освен како двојна, можеш да ја носиш како една плетенка. Исто така, не е потребно да ја исплетеш до крајот туку може да останат рамни врвови и така да се направи високо репче кое во горниот дел ќе има плетенка. Посебна убавина на оваа фризура е што може да ѝ додаваат украси како различни шноли, ленти или марами и така да ѝ се додаде сосема нова димензија.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button