Реклама
Наши ѕвезди

Трајче и Кате „Соната“ уживаат со ќеркичката – ќе се изненадите колку малата Ана личи на мама

Пејачката забележи неколку интересни моменти со својата наследничка со кои што ги воодушеви сите

Реклама

Гордите родители уживаат со нивната наследничка

Пејачката Катерина Брезева и нејзиниот сопруг Трајче Бондиков пред четири години се остварија во улога на родители.

Тие денес уживаат во секој момент поминат со нивната наследничка, а знаат и двајцата да споделат и по некој романтичен момент од топлиот дом и да ги воодушеват своите пријатели и фанови.

Маркетинг

Нивната наследничка се вика Ана, а ова преубаво македонско име го доби по желба на нејзиниот татко.

Маркетинг
Фото: Фејсбук/ Трајче и Кате Соната

Трајче на својот Инстаграм чест споделува фотографии од својата наследничка но една посебно привлекува внимание.

На неа нивната убавица свири на хармоника, па фотографијата веднаш им го привлече вниманието на сите.

Фото: Фејсбук/ Трајче и Кате Соната

Повеќе од очигледно е дека ова слатко мало девојче од мали нозе тргна по стапките на своите родители, а тоа може да се забележи и од едно од последните видеа што го објави нејзината мајка.

На него Ана облечена во црно фустанче го држи микрофонот во рацете и пее роденденска песна, а нејзината мајка објави и една фотографија на која наследничката ја држи за рака и пее со микрофонот, исто така облечена во црн фустан и пресреќна што се сите на куп.

Фото: Фејсбук/ Трајче и Кате Соната

Потсетуваме, Трајче и Кате покрај тоа што долго време се заедно во нивната група „Соната“, тие цели 18 години беа во љубов.

Фото: Фејсбук/ Трајче и Кате Соната

И откако пејачката забремени, решија да стапат во брак, а нивната љубов приказна тогаш ги преплави нашите медиуми.

Фото: Фејсбук/ Трајче и Кате Соната

Па како овие двајца од познатата велешка група „Соната“ изгледаа и на денот на нивната свадба, погледнете во продолжение…

Фото: Фејсбук/ Трајче и Кате Соната

Фото: Фејсбук/ Трајче и Кате Соната

Фото: Фејсбук/ Трајче и Кате Соната

Фото: Фејсбук/ Трајче и Кате Соната

Фото: Фејсбук/ Трајче и Кате Соната

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button