Реклама
Вирално

Трамп повторно го шокираше светот – призна дека користи лек против коронавирусот и покрај тоа што не е 100 отсто сигурен!

Реклама

Тој исто така изјави дека наскоро ќе престане со консумирање на овие лекови

Претседателот на Америка, Доналд Трамп, на прес-конференција пред новинарите изјави дека користи хидроксихлорокин веќе една недела откако му ги препишал доктор од Белата куќа.

Маркетинг

Почнав неочекувано да го користам, изјави Трамп за лекот што се користи против маларија.

„Го користам овој лек последната недела и пол. Една пилула секој ден. Слушнав многу добри работи во врска со овој лек, тој се користи веќе 40 години. Би се изненадиле колку луѓе го користат. Меѓу нив се лекари, луѓе кои се на фронтот“ – им кажа Трамп на новинарите, пренесува Ројтерс.

Маркетинг

Управата за храна и лекови ги предупреди здравствените работници минатиот месец дека лекот не смее да се користи надвор од болниците или истражувањата, бидејќи имало фатални несакани ефекти. Центрите за контрола на отрови и здравствените установи дури издадоа предупредувања за проблеми со срцевиот ритам, вклучително и смрт.

„Сè што можам да ви кажам, е тоа дека за сега сé е во ред со мене“, ги отфрли Трамп предупредувањата.

Покрај хидроксихлорокин, Претседателот на Соединетите Држави, исто така, секојдневно користи и цинк како суплимент.

„Почнав да го користам затоа што мислам дека е добар. Слушнав многу добри приказни“ – рече Трамп.

Претседателот изјави дека доктор во Њујорк му го препишал споменатиот лек. Иако не зборуваше за кој станува збор, во прашање е Владимир Зеленко, доктор од Њујорк кој го промовираше хидроксихлорокин во третманот против вирусот корона, пренесува Дејли Меил.

Зеленко користи комбинација на неколку лекови при неговото лекување. Според неговиот метод на лекување, пациентите пет дена користат лекови со хидроксихлорокин, заедно со азитромицин и цинк сулфат.

Овие пациенти немаат треска, проблеми со срцето или други несакани ефекти. Тие зборуваат само за слаба дијареја – ги сподели искуствата Зеленко што ги имаше со своите пациенти.

Проблематично е што ефикасноста и несаканите ефекти на оваа комбинација не биле опфатени со студија.

Трамп и претходно промовираше употреба на хидроксихлорокин како можен начин за лекување на коронавирусот, и покрај предупредувањата од здравствените работници.

Од друга страна, постојат тврдења дека ниту една студија до сега не докажала дека хидроксихлорокин има позитивен ефект врз заразените пациенти. Лекот може да има сериозни несакани ефекти кај некои пациенти, а засега нема докази дека помага против новиот вирус.

Две обемни студии, во кои имала скоро по 1.400 пациенти во секоја од нив, заклучија дека нема корист од хидроксихлорокин. Две нови, објавени во медицинскиот весник БМЈ, дојдоа до истиот заклучок.

Во една студија на француски истражувачи, 84 пациенти го примиле лекот, а други 97 имале вообичаен третман.

Нема никаква разлика во намалената cмpтнocт, потребата од интензивна нега или посериозно заболување, објави Гласот на Америка.

Друга студија од Кина беше со построг тест: на 150 возрасни пациенти со умерена или лесна болест беа ставени случајно на хидроксихлорокин или нормален третман. Немаше никаква разлика во отстранување на вирусот или во времето на закрепнување, но имаше несакани ефекти.

Во април, Националниот институт за здравство започна со истражување со таблети со хидроксихлорокин и плацебо кај 500 хоспитализирани пациенти.

Минатата недела од институтот најавија дека ќе започне нова студија, дали хидроксихлорокин со азитромицин може да спречи хоспитализација или губење на животот на лица со лесна или умерена болест. Околу 2.000 возрасни Американци со коронавирус и симптоми како што се треска, кашлица и останување без здив ќе добијат или лек или плацебо апчиња.

Кој е докторот Зеленко?

Американскиот лекар кој ги лекува своите пациенти со Ковид-19 во Монро, е многу успешен во ова и наводно нема трагични случаи, бидејќи користи комбинација на повеќе лекови, пренесе неодамна германскиот весник „Билд“. Станува збор за докторот Владимир Зев Зеленко, кој во изминатиов период се грижел за околу 1.000 заразени лица од овој вирус, од кои никој не го изгубил животот, а само три лица морале да одат на респиратор. Зеленко користи неколку лекови во третманот, пренесува „Билд“.

Ги разгледав податоците од Јужна Кореја и Франција и така дојдов до комбинација на лекови – објасни тој за германскиот весник.

Неговиот рецепт е мешавина од лекови, кои ги претстави преку отворено писмо, на кое реагираше претседателот Доналд Трамп. Според неговиот метод на лекување, пет дена пациентите користат лекови со хидроксихлорохин, заедно со азитромицин и цинк сулфат.

Проблемот е во тоа што ефикасноста и несаканите ефекти на оваа комбинација не се опфатени со студија.

Пациентите немаат треска, проблеми со срцето или други несакани ефекти. Тие зборуваат само за слаба дијареја.

Зеленко ги пренесе искуствата на своите пациенти со „Билд“.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button