ТРАГЕДИЈА на концерт, нашата Калиопи облена во солзи заврши во полиција

Македонската пејачка Калиопи вечерва требаше да одржи концерт во салата на МТС во Белград, но на самиот почеток на вечерта се случила голема драма, јавуваат српските медиуми.
На една жена од публиката и се слошило на почетокот на концертот, починала во концертната сала.

Брзата помош веднаш реагирала и направила обид за реанимација, но, за жал, жената не можела да се спаси.
Српскиот портал Мондо пишува дека на неименуваната жена, која на концертот дошла во придружба на нејзината ќерка и пријатели, и се слошило непосредно пред почетокот на концертот, по што била повикана Брза помош.

Салата била испразнета за да и помогнат лекарите на жената, наводно била извршена реанимација, но за жал таа починала.
Медиумите пренесуваат дека пејачката тешко ја прифатила веста за трагедијата и дека била однесена во полициска станица за да даде изјава.
Очевидци пријавиле дека пејачката била во солзи и дека веднаш по веста за смртта на жената била со нејзината ќерка.




