ТРАГЕДИЈА, БМВ со косовски таблички заврши во Лепенец: Реката е длабока и брза, се бара телото на мајката, татакото и помладиот син
Извлечен е 21-годишниот син, а по 16-годишниот и по родителите се уште се трага
По старотната сообраќајна несреќа што се случи вчера кај Блаце откако автомобил со марка „бмв“ со косовски регистарски таблички заврши во реката Лепенец, тим на нуркачи се уште трагаат по три лица кои биле во возилото.
Станува збор за цело семејсво, пренесува Фактор.
-Возилото не е пронајдено се уште. Водите на Лепенец се брзи и длабоки. Во возилото биле цело семејство од Косово, татко, мајка и двајца синови. Извлечен е 21-годишниот, додека по помладиот, 16-годишниот се уште се трага, иско како и по родителите, велат изворите на Фактор.
По несреќата, 21-годишното момче итно е префрлено во ГОБ „8 Септември“, а директорот на болницата, д-р Христијан Костов, изјави дека се чекаат негови роднини од Косово да го преземат.
-Пациентот има екскориации, односно иповршински повреди по кожата и изгребаници, како и набиеници по телото. Во моментов чека во Ургентниот Центар на ГОБ „8 Септември“ да го земат блиски роднини. Тој е косовски државјанин, вели директорот Костов за Фактор.
Потрагата се одвива во исклучително тешки услови бидејќи реката е длабока и многу брза, а со себе носи и предмети кои се опасност за нуркачите, велат од ЦУК.
– Потрагата се одвива во исклучително тешки услови бидејќи реката е длабока и многу брза, а со себе носи и предмети кои се опасност за нуркачите, велат од ЦУК.
Возилото завршило во Лепенец откако автомобил „фолксваген туран“ со македонски регистарски ознаки претекнувал колона автомобили на патот од Скопје кон граничниот премин „Блаце“. Во моментот кога стигнал паралелно до автомобил „бмв“ со косовски регистарски таблички кој се движел во истата колона, двете возила се доближиле и странично се удриле, по што косовскиот автомобил со четворица патници излетал од патот и се превртел во реката Лепенец.
Причините за судирот сѐ уште се утврдуваат.