Тој ѝ беше најголема љубов, но го изгуби – македонската пејачка објави фотографија која го крши срцето
Имаа нераскинлива љубов, но животот ги раздели.
Македонската пејачка сподели фоторафија од својот покоен сакан.
Со нејзините песни сите пораснавме, а денес е зрела жена која храбро чекори низ сите животни предизвици.
ФОТО: Инстаграм / Маја Саздановска
Македонската пејачка Маја Саздановска на музичката сцена е уште од мали нозе.
На само 5-годишна возраст ја снимила првата песна „Глушец ушец“ за детската серија „До ре ми“.
ФОТО: Инстаграм / Маја Саздановска
Маја беше и дел од вокалите кои ја изведуваат најпопуларната песна „Во светот на бајките“.
Маја важи за еден од најдобрите вокали кај нас.
Но, повеќе од 10 години апстинира од музичката сцена. Соло кариерата ја стави во втор план.
ФОТО: Инстаграм / Маја Саздановска
Од 2015 работи во Македонската опера и балет, во дирекцијата на операта, како организатор на оперски
Пред неколку години пејачката се соочи со голема животна трагедија.
Маја беше во брак со археологот Сашо Лилиќ, кој беше нејзина најголема љубов.
ФОТО: Инстаграм / Маја Саздановска
11 месеци од раѓањето на нивната ќерка Срна, Сашо почина и Маја остана самохрана мајка.
Љубовта кон него во неа никогаш не згаснача и се труди споменот за него никогаш да не згасне.
„Срна беше многу мала, 11 месеци. На ништо не се сеќава. Таа расте во духот на она што било. Се трудам да и ги раскажам убавите работи.Се трудам да и ги кажам убавите работи. Но, тука се бабите и дедовците кои имаат малку повеќе работа од мене да ѝ ги пренесат сите спомени и да ги раскажат сите моменти кои јас некогаш и не можам. Прашува, што е многу нормално, прашува и разбира. Мене ми е само жал што мораше малку побрзо да порасне. Мора да се носи паралелно со обврските, помагајќи ми и мене ја расте многу побрзо и ја прави да перцепира некои работи за кои јас ѝ велам„мама главата е за мислење“, раскажа пејачката за Бекстејџ.
ФОТО: Инстаграм / Маја Саздановска
На Инстаграм Маја сподели фотографија од списание, на која позира заедно со својот сопруг.
„Љубов без форсирање“ е насловено интервјуто кое Маја го дала за ова списание.