Реклама
Холивуд

Тој само што е прогласен за најубавиот маж на светот – дали го заслужува првото место?

Реклама

Ѕвездата на филмот „Aquaman“ и Кал Дрого од „Игра на тронови“, Џејсон Момоа, се најде на самиот врв на листата со најубавите мажи на светот за 2018 година, додека најголемо изненадување за оваа година е тоа што харизматичниот Леонардо ди Каприо е на последното.

Листата за 2018 година со најубавите личности е направена од страна на „ТЦ Кендлер“, кој веќе ја прогласи 17-годишната француска манекенка Тајлин Блонду за најубава жена на светот за оваа година.

Маркетинг

 

Маркетинг

Овие прогласувања на најубавите луѓе на светот започнаа во 1990 година и се засновани на предлози од страна на јавноста. Покрај тоа, организаторите се фалат дека станува збор за „најразнолик” избор, а видеото со победниците за оваа година што беше објавено на Јутјуб е прегледано преку два милиони пати за само два дена.

Инаку Момоу (39) е во брак со неговата 12 години постара колешка, Лиса Бонет (51). Тие се во хармоничен брак од 2005 година, а заедно имаат две деца, 11-годишната ќерка Лола и деветгодишниот син Накоа-Волф.

На второто место е JungKook, пејачот на познатиот јужнокорејски машки бенд BTS. Третото место го освои британскиот актер Идрис Елба, додека четвртото му припадна на познатиот јутјубер Феликс Келберг.

https://www.instagram.com/p/BkBarS6nVws/

https://www.instagram.com/p/BkJYT6BHq6l/

https://www.instagram.com/p/BkHS1kUH9ze/

 

Па, што мислите, дали Момоа е заслужено на првото место?

 

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button