Тој и ја врати насмевката на Ана Бекута: Пејачката објави фотографијата и ги воодушеви сите со подарокот кој го доби од него! (ФОТО)
Се навикнува на животот без Мрка...
Помина година и пол од смртта на политичарот Милутин Мркоњиќ, најголемата љубов на Ана Бекута.
Таа и Мрка живееја во вонбрачна заедница и не криеја колку се среќни и заљубени.
По загубата на Мрка поп-уметничката успеа да продолжи со својата работа, со публиката, членовите на семејството и пријателите, а се чини дека секој ден е се подобро и подобро, а како точно се чувствува најдобро се гледа на нејзиното лице. По седумнаессет месеци поминати во тага и жалост Бекута научила да се справува со болката, научила да се радува на ситници, го сменила односот кон животот и луѓето.
Би можело да се каже дека таа повеќе не е истата жена, таа сака и ги гради односите поинаку. Едноставно, Ана Бекута по смртта на Милутин љубовта ја доживува на сосема поинаков начин, за што никој не може да и замери.
Со оглед на тоа дека е исклучително убава и привлечна жена, многумина претпоставуваа дека наскоро ќе најде утеха во присуство на друг маж поради прераното заминување на нејзиниот сакан. Сепак, тоа не се случи. Таа сè уште ги чува спомените на својот сакан и се чини дека не може така лесно да го заборави човекот покрај кој како што во неколку наврати зборуваше ја пронајде вистинската љубов.
Подароците не ги одбива, напротив одлично реагира на нив, а со нив знае да се пофали и на Инстаграм. На адресата на Ана во Врачар пристигна прекрасен букет од водителот Мили Чолиќ, а со срциња во описот таа на социјалните мрежи објави фотографија од цвеќињата кои ја насмеаја и и го стоплија срцето.
Неспорно е да се истакне дека Ана Бекута и покрај големата болка зрачи со љубов која и се враќа преку семејството, пријателите, работата, па дури и обожавателите кои ги обожаваат нејзините песни и настапи и секогаш се трудат да и го разубават денот со гестови и пораки.