Тој им ја враќа надежта која ја изгубиле – Штипјанецот на кого му се поклонува цела Македонија носи насмевка кај сиромаштите
Александар Ѓорѓиевски од Штип е херој во деношното време, човекот кој има направено многу хумани дела.
Александар е пожарникар по професија, а јавноста за првпат за него слушна откако јавно на социјалните мрежи соопшти дека ќе замине во Хрватска да им помага на граѓаните по катастрофалниот земјотрес од 6,3 степени според Рихтерова скала.
„Друго е институционално да се приклучиш друго е вака. Јас пред да тргнам напишав на ФБ, дека заминувам. Почекав два часа. Никој не се јави. Дури ни моите дома не знаеја дека одам. Мојата мајка беше на работа. Мојот брат и снаа исто така. Немаше дома никој. Набрзина го спакував куферот.
Викнав такси, да ме однесе до граница. Од таму ме собра автобусот на Хисар. Газдата кога слушнал каде одам, му рекол на шоферот, да не ми наплаќа за карта. Ме донесоа до Загреб. Од таму отидов до местото. Но, и кој да е во една ваква ситуација невозможно е да се организираш колку и да си спремен.
Од сите страни луѓе доаѓаат. Од сите страни има повици за помош. Едноставно речено ситуацијата е многу тешка“, напиша Александар на Фејсбук.
Ова е само низата од хуманитарните акции на Александар кои се секогаш 100 проценти реализирани.
Александар ѝ помогна на својата сограѓанка, Елена Манасиева, самохрана мајка на 3 деца. Елена и нејзините деца
живеат во штипската населба Железничка, а благодарение на Александар добија нов дом за само 25 ена.
Дека Елена и нејзините деца живеат во ужасни услови, Александар дознал преку статус на социјалните мрежи. Минатата година едно од дечињата на штипјанката поради неухранетост и премрзнатост го загубило својот живот.
Семејството живее со социјална помош и детски дототок, а скромните примања и одат за плаќање на сметки за струја.
Александар одлучил да му помогне на ова семејството и за неполн месец, заедно со мајстори ѝ изградиле нов дом на Елена.
„Дојдов на самото место и видов, веднаш организирав луѓе и акција, малите и средни фирми од Штип донираа за побрзо да се изгради домот, а имаше група на мајстори од Велес, кои доаѓаа секој ден да го градат домот на Елена и на нејзините деца. Почнавме од покривот, од сите страни течеше, изградивме нов тоалет, сменивме прозорци, подот, внатре има нов мебел, нови електрични апарати. Сето ова го направиме во рок од 25 дена“, кажа Ѓеорѓиевски за медиумите.
До Александар допре и приказната за самохраниот татко од Штип, Љупче Смилев кој јавно побара помош да му се обезбедат подобри услови за живот за него и неговиот син.
Неговата партнерка го оставила, па тој останал сам да се грижи за синот Андреј, а притоа не е вработен.
Љупче во апелот за помош изјави дека синот го храни со шеќер и вода и се задолжува со цел да има да го прехрани.
Откако неговата приказна беше објавена на телевизиските екрани, се појавија многу луѓе кои сакаат да му помогнат.
Ваквиот гест ја врати надежта во неговиот живот.
Најважно во целата оваа тажна приказна е веста дека општината обезбедила работа за Љупче Смилев, а неговото детенце сега ќе има можност да се социјализира и дружи со врсниците во градинка.
Докажаниот хуманитарец од градот Штип, Александар Ѓоргиевски и овојпат се докажа на дело, а вечерва на својот профил на фејсбук објави.
„Шпоре мини обезбедено. Фрижидер обезбедено!Тостер обезбедено! Телевизор лед 43 инчи обезбедено! Правосмукалка обезбедено!
Креветче за детето обезбедена! Лустер обезбедено! Количка за детето обезбедено! Корито обезбедено! Храна облека комплет се обезбедено!
Благодарност и до Црвен К рст, Викторија Милановска. РЕСПЕКТ! Влатко Новаков,РЕСПЕКТ! Буквално се e НОВО што е обезбедено. За 2 саата. СРЦКИ. Сега ги носам на фамилијата. Александар Горгиевски Штип“, пишува во објавата на Александар за Љупче.
Тука не запира хуманоста на Александар. Сега е во нова мисија.
Болно дете, болен сопру и дом што се распаѓа. Животот ја мава со камења 47-годишната Виолета од светиниколско Ерџелија, која очајно моли за помош.
Таа и нејзиното семејство живеат од социјалната помош на сопругот.
Но, Александар одлучи да ѝ пружи помош и на Виолета. Собрал екипа волонтери. некој денар од фирми што е согласиле да донираат и да ја селат покуќнината. На Виолета ѝ ветил дека од трошната куќа ќе и направи пристоен дом.
Луѓето на кои им е потребна помош не ги наоѓа сам, туку тие него го наоѓаат. За неговите хуманитарни акции на далеку се слуша.
На помош за Виолета се приклучи и Љупче.
„Знам како изгледа сиромаштијата, знам како е бидејќи јас сум го минал тој пат, затоа сакам да помогнам на луѓет што се во тешка ситуација“, кажа Љупче. Александар ѝ влеа огромна надеж на Виолета.
Александар вели дека чувството да му помогнеш на некој да живее присотојно нема цена. Преку социјалните мрежи ги убедува луѓето дека не е измамник и дека навистина бара средства за да помага. Таму апелира и бара работна сила ќе му помага во хуманитарните акции.
На Фејсбук сподели и до каде е акцијата во домот на Виолета.
„12 ден работна акција велешката мајсторска професионална екипа веке е на терен идеме турбо и започнуваме да го градиме внатрешниот дел од куќата.
Лесна е мојава од денес па натаму со овие дечки конечно и јас малку мир и спокој ке си имам“, напиша Ѓорѓиевски на социјалните мрежи.